„Фајзер” со корона вакцината до рекорден приход
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека 2о22 година ја има завршено со рекордно висок остварен приход , откако оваа угледна светска компанија постои. Рекордната заработувачка е постигната благодарејќи на вакцините против коронавирусот и на лековите против ковид.
Според признанието на компанијата „Фајзер“ во минатата година имала приход од 100, 3 милијардо долари, што е (рекордно) зголемување од 23 отсто, во споредба со претходната 2021 година. Но, доколку се исклучи влијанието на валутните курсеви , приходот е уште повеќе зголемен и достигнува до 30 отсто.
Колкав бил голем ефектот од надминувањето и санирањето на последиците од глобалната пандемија врз работењето и заработувачката на „Фајзер“ покажува и официјалниот податок според кој вакцини и лекот „Пакскловид“ на пазарите во САД и низ светот се продадени за безмалку 57 милијарди долари, но без тоа приходот на компнијата би бил зголемен само за два отсто.
Токму поради анти ковид вакцините и лековите против короната, чистата заработувачка на оваа компанија во 2022 била зголемена за 43 отсто и изнесувала 31,5 милијарди долари.
Раководниот тим на „Фајзер“ меѓутоа, очекува на крајот од оваа година, финансиските резултати да бидат сосема пооинакви и во секој случај со намалени приходи, меѓу 67 и 71 милијарда долари , одново врзано за корона пандемијата која и покрај откривањето н нов вид корона вирус, сепак, значително е забавена.
Голем е процентот на вакцинирани луѓе со две или три дози низ светот, а освен тоа, многу земји веќе имаат создадено залихи од вакцини и лекови.
Во компанијата велат дека се свесни за пад на рекордно високиот приход, создаден во вонредни околности, па затоа оваа година се смета како преодна за „Фајзер“ . Проценки се дека веќе следната 2024 година. ќе донесе нов раст на приходот.
