Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

“Capo di tutti capi” уапсен пред кафуле

“Capo di tutti capi” уапсен пред кафуле

Најбараниот и најопасниот италијански мафијаш Матео Месина Денаро, кој 30 годни беше во бегство, сокривајќи се под лажен идентитет и користејќи разни имиња, беше уапсен во Палермо, на Сицилија, во кафулето до една приватна клиника каде и порано доаѓал  на редовната хемо-терапија.

Кога полицаецот побарал да се идентификува, тој не излажал. Мирно одговорил – „Знаете кој сум. Се викам Матео Месина Денаро“.

Во тој момент вооружените полициски сили не биле сигурни дека човекот кој го имаат е навистина страшниот водач на Мафијата, главниот бос на Коза Ностра и дека станува збор за Capo di tutti capi, кого полицијата, карабињерите и обвинителите настојуваа да го уловат цели три децении. Бил пријавен во клиниката за да прими терапија под името Андреа Бонафеда.

Нејаснотијата брзо била надмината, а италијанските власти веќе имале сознанија дека станува збор за човекот за кого се мислеше дека никогаш нема да се открие и да се уапси.

„Дете“ на кланот Корлеоне

Уапсениот беше  најголемиот мафијашки шеф , за кого се врзуваат  цела низа најтешки  кривични дела – наплатување  рекет,  перење пари,  илегално работење со отпадот,  шверц на дрога, како и за бројни убиства и киднапирање. Во 2002 година Месина Денаро беше суден и осуден во отстуство.

За него се знае дека  е „дете“ на еден друг кум на Коза Ностра, на  Тото Рина, водач на кланот Корлеоне, кој го има истуркано токму Денаро  да биде негов наследник, откако овој беше уапсен во 1993 година, по 23 години сокривање и бегство.

Тоа е и годината кога Месина Денаро исчезна и од кога властите на Италија почнаа да трагаат по него.

Во тие изминати 30 години единствено што полицијата има фатено за него, тоа е по некоја слика направена од далечина, или снимениот глас, по што и единствено можеле да го идентификуцаат и да знаат дека е се уште жив.

При тоа, до полицијата имаат стигнато разни информации за тоа дека е виден на бројни локации надвор од Италија, од Венецуела па до Холандија, но тој  целото време бил во Палермо, во центарот на неговата родна Сицилија, каде на крајот беше и уапсен.

„Олабавување“ на заштитата?

Многумина сега прашуваат како тоа ,воопшто,  било можно, опасниот криминалец и  мафијашки кум да им биде пред нос на властите, а тие три децени да не знаат каде да го бараат.

Според италијанските новинари кои ги следат состојбите во криминалното подземје, објаснувањето за тоа  зашто е  потребно толку многу време за апсењето на Денаро, па и на неговиот претходник Тото Рина, го наоѓаат во заштитата која на мафијашите им ја пружа создадената внатрешна мрежа.

А, таа како што се објаснува,  има длабоки историски корени и е исклучително силна во Сицилија и во другите мафијашки реони.

Затоа и се верува дека откривањето на Денаро и мирното, без употреба на сила и без пукање апсење,  е резултата „попуштањето“ на  некој дел од тајната мафијашка мрежа за обезбедување на шефовите по кои се трага. Во  неговиот случај, вомоментите кога  се има почувствувано толку сигурен , што решил пешки да оди низ центарот на Палермо, главниот град на Сицилија и „престолнината“ на Коза Ностра.

Убиството на Џовани Фалконе

Италијанската полиција ги отфрла тврдењата дека е предаден и намесетен од другите мафиози, особено што во изминатите години, откако Месина Денаро беше во бегство, полицајците имаат откриено и пресечено низа мафијашки бизниси во вредност од преку 150 милиони евра, а уапсено стотина лица, меѓу кои и неговата сестра, во 2013 година.

Тоа се смета  како знак за слебеењето на мрежата што тој ја има создадено , оставена без кум кој  би бил  директно вклучен на теренот.

Како и да е, остануваат злосторствата за кои се товари.

Тоа се пред се , атентатот  врз најпознатиот „ловец“ на мафијашките газди, обвинителот Џовани Фалконе и врз неговиот колега Паоло Борсалино, во 1992 година, бомнашките напади во Милано, Фиренца и Рим во 1993 година , како и киднапирањето , тортурата и убиството на едно 11 годишно момче, син на поранешен мафијаш кој се има согласено да сведочи против мафијата.

„Имам убиено толку многу луѓе , што од нив може да се наполнат цели гробишта- има еднаш речено Денаро.

Последнен кум на Коза Ностра

По апсењето, се верува, дека тој ќе биде последниот од големите шефови на Коза Ностра, но и последниот кој ги чува и ги знае сите тајни на Мафијата.

Италијански обвинители, како и полициски доушници сметаат дека уапсениот Денаро ги знае имињата на сите кои се инволвирани во големите криминали и злосторства на Мафијата, а се верува дека знае и кој е директниот извршител на терористичкиот напад, на автопатот на влезот во Палермо,  во кој беше убиен Фалконе.

Криминални експерти во Италија сметаат дека  Матео Месина Денаро кој во затвор ќе остане до крајот на животот, претставува симбол на времето кога Коза Ностра беше како држава во држава .

Тоа посебно се однесува на  Сицилија, каде Мафијата е директно инволвирана во економијата и бизнисот, во политиката и во животот на овој италијански остров, како и во ставањето под своја контрола на делови од полицијата и  судството.

Криминален бизнис

Сите, меѓутоа, се согласуваат дека тргањето на Денаро не е крај на мафијата , како што некои европски медиуми побрзаа да заклучат.

Прво, затоа што другите босови, на Коза Ностра имаат оценето дека тешко оболениот и веќе ислужен мафијашки кум, станал некорисен.

Затоа и се претпоставува дека „некој во врвот“ дозволил еден дел од заштитната мрежа (на мафијата) да се отвори толку, колку за да може  полицијата  да го открие, а потоа и лесно да го улови. Онака како што заврши триесетгодишното трагање по големиот кум – со апсење пред  клиниката во Палермо.

И, второ, затоа што и натаму во прашање се големите пари што ги свртува годишно Мафијата. На пример, Ндрагета која дејствува во Калабрија, на крајниот италијански југ има годишен приход од 60 милијарди евра. Во област која важи за една од најнеразвиената, во инаку силно развиената Италија.

(С.Г.)

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе