Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Од дете сум соочена со смрта“

„Од дете сум соочена со смрта“

Лиза Мери Присли, единственото дете на одамна починатиот крал на рокот , Елвис Присли од бракот со Присила Присли , ненадејно почина  во Калифорнија- од срцев удар. На  ист начин како и нејзиниот татко кој умре на својот имот „Грејсленд“ во далечната 1979 година, на возраст од 47 години – од срцев удар.

Мери Присли која тогаш имала само девет години, го видела мртвото тело на својот татко и велат дека тоа никогаш го нема заборавено. Кога во 2020 година се соочи со слична сцена- да го  затекне мртвото тело на својот син кој се самоуби на 27 години- таа ја откри тајната за својата мачнотија во животот.

„Од девет години се соочувам со смрта и со умирањето„- има тогаш речено  ќерката на Елвис, поврзувајќи ги двата најтажни моменти од својот живот.

Лиза Мери Присли- живот во сенка

Не се знае што е причината за ненадејната смрт на Мери Присли (54). Но,  според американските медиуми кои ја цитираат изјавата на Дени Куо, нејзиниот прв сопруг со кого, по смрта на нивниот син пред две години, повторно  живееле заедно –  се пожалила на силни болки во стомакот, по што срцето и престанало да работи. Тој се обидел  да ја поврати работата на срцето и изгледало дека успеал во тоа, па таа била префрлена во болница. Но, и покрај сите напори на лекарите, тие  не успеале да ја спасат.

Само два дена пред тоа, Мери Присли, заедно со својата  мајка Присила присуствувале на доделувањето на наградите „Златен Глобус“ во Беверли Хилс. На оваа приредба – за толкувањето на ликот на нивниот татко и сопруг, во филмот „Елвис“ на режисерот Баз Лурман – младиот актер Остин Батлер ја освои главната награда , „Златен Глобус“ за најдобра машка улога.

Медиумите  пишуваат дека ненадејната смрт на ќерката на Елвис, предизвика таа за прв пат во животот да излезе од сенката на прославениот татко , а Америка и светот одново да се свртат кон семејството Присли и на случувањата што ги имаат следено во изминатите децении.

Меѓудругото и за тоа дека родителите на Мери Присли се имаат запознаено уште додека мајката Присила имала само 14, а таткото Елвис 24 години. Се венчаваат во 1967 година, но бракот траел само до 1973 година како, и за  приватниот живот на нивната ќерка што сега се означува како прилично бурен.

Брак со Мајкл Џексон и Николас Кејџ

Таа беше позната како пејачка и има издадно неколку албуми, од кои еден се има најдено и на топ-листата во САД, но сепак  ќе остане повеќе запаметена  по четирите бракови од кои има четири деца, затоа што се има врзувано за познати имиња од светот на музиката и филмот.

Во брак прв пат има стапенио со музичарот од нејзиниот бенд Дени Кио кој и беше најнов и последен  партнер и кој се има борено за да ја спаси, пред да стигне бразата помош. Од тој брак се синот кој се има самоубиено и најстарата ќерка.

Но, Мери Присли најголем публицит во јавноста има предизвикано со бракот, со сега починатата мега поп ѕвезда Мајкл Џексон, за кого се има омажено само три недели по разводот, како и со холивудскиот актер  Николас Кејџ со кого била во брак 130 денови.  Од последниот брак со Мајкл Локвуд, таа има уште две ќерки-близначки.

Трите нејзини деца сега ќе го наследат  имотот- „Грејсленд“ каде е погребан нејзиниот татко, како и синот. Имотот претставува голема туристичка атракција во градот Мемфис каде силно се подржува елвисоманијата која и натаму трае, па носи многу пари- за семејството, но и за градот. Лиза Мери Присли ќе биде погребана покрај починатите татко и син.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе