Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Со дрон ја открил прељубата на сопругата

David Martin

Со дрон ја открил прељубата на сопругата

Еден Австралијанец користел дрон за да ја открие (и за да може да ја докаже) прељубата на неговата сопруга, откако извесно време се сомневал дека мајката на неговите две деца му е неверна.

Дронот ја завршил работата, а  сопругот се соочил со вистината.

Со помош на дронот  ја следел сопругата додека со својот автомобил од дома оди на средба со љубовникот, со кого ( како што подоцна се открило)  извесно  време одржувала тајна врска. Сопругот на тој начин има добиено разни снимени докази , меѓу кои и  детали од  нежната  разделба на прељубниците, пред сопругата да се врати кај нејзиното семејство.

Сите снимки, гневниот и измамен сопруг, потоа, ги ставил на Јутјуб, предизвикувајќи бура од најразлични коментари на социјалните мрежи.

Во повеќето случаи сите биле со подршка и  сожалување за него, но има коментари и со осуда ( главно од жени), како и со иронични коментари на машката публика – да не ја следел сопругата, сега се уште  ќе живеел во илузијата дека има – среќен брак.

Џон Консилио се сомневал во сопругата , откако забележал дека таа се почесто излегува сама, секогаш во раните попладневни часови. Му се пожалил на еден свој пријател кој му признал дека знае за неверноста на неговата жена. За да и самиот се увери во тоа , пријателот му рекол дека може да ја следи- со помош на дрон.

Измамениот сопруг подоцна признал дека кога  гледал што прави сопругата, како се бакнува со својот љубовник, добил желба да отрча до нив двајцата и да го убие непознатиот маж, но рекол дека, некако,  успеал да се смири , прифаќајки дека повеќе виновна е неговата сопруга.

„Не сакав децата да останат и без мајка, па се откажав од казнување на прељубниците“- признал Џон Консилио. По неколку денови поднел барање за развод на бракот. Судот ги прифатил доказите добиени од дронот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе