Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Три доживотни пресуди за соборениот „Боинг“ над Украина

Три доживотни пресуди за соборениот „Боинг“ над Украина

Двајца руски државјани и еден Украинец, судот во Холандија ги прогласи за виновни и ги осуди на доживотен затвор , за учество во соборувањето на патничкиот авион на малезиската компанија „Малезијан Ерлајнс“ во кој загинаа 298 лица, меѓу кои 80 беа деца.

Ракетиранот „Боинг“ леташе на редовната линија од Амстердам до Куала Лумпур, а беше погоден и соборен во летото 2014 година , над Источна Украина , во реонот на Донбас.

На сите обвинети им се судеше во отсуство. За сите нив судот има пресудено дека биле дел од група која се наожала под руска контрола.

Воено злосторство пред инвазијата

Осудени се Игор Гуркин, воен командант на самопрогласената „Донецка Народна Република“, за нарачката и набавката на ракетата и за неа има барано руска помош, потоа Сергеј Дубински, затоа што го има обезбедено ракетниот лансер, како и Леонид Харченко кој ја има надгледувано испораката на ракетата и на лансерот.

Беше обвинет уште еден Русин, кој на судењето единствен имаше свој правен застапник, но тој беше ослободен. Обвинителството и за него тврдеше дека бил вклучен во операцијата против авионот, затоа што знаел што се подготвува.

Соборувањето на малезискиот авион, пред нешто повеќе од осум години, претставува еден од најгнусните воени злосторства извршени  во Украина од времето пред руската инвазија врз оваа земја.

Руска замешаност во нападот

Низа европски медиуми,  повеќе угледни безбедносни експерти, како и роднините на жртвите веруваат дека агресијата од февруари оваа година, немаше да се случи доколку светот тогаш реагираше далеку поенергично во осудувањето и казнувањето на Русија која беше директно инволвирана во злосторството.

Холандскиот суд пресуди дека станува збор за намерно изведена акција, иако се прифаќа дека намерата била да се урне воен, а не цивилен авион, полн со туристи патници од дури 17 земји, од кои далеку најмногу беа Холанѓани (196), па Малезијци (48) и Австралијанци (38).

Тоа беше време кога подрачјето на крајниот украински Исток беше , релативно, ниско активна воена зона. Имаше соборено воени авиони на помали височини, па властите во Киев – од безбедносни причини- забранија прелети на височини под 10 илјади метри.

„Боингот“ на „Малезијан Ерлајнс“ беше погоден со руска  ракета „Бук“ кога авионот беше на височина од 30 илјади стапки (над 11 илјади метри).

Неуверливи деманти на Москва

Нападот врз патничкиот авион беше изведен само четири месеци по руската окупација и анексија на Крим во март, како и три месеци по покренувањето на сепаратистичкиот бунт во источноукраинските области  Луганск и Донецк, во април 2014, силно подржан воено, материјално и политички од Москва.

Тоа е времето кога рускиот претседател веќе зборуваше дека „тоа се руски територии во кои живеат Руси и оние кои зборуваат руски јазик, а дека руската страна е обврзана да ги заштитува“, што подоцна ги призна како „независни држави“.

Пресудата која доаѓа после години осумгодишно чекање, според холндските медиуми, има покренато нов бран од тага и жалење за жртвите и за големиот број невино загинати.

Но, таа во исто време покрена и гнев кон Русија, кон руската агресивна политика и кон Владимир Путин , за кого се вели – „како да не знае да запре со убивањето“ и дека наместо смирување, продолжува да ја засилува својата агесивност на теренот.

Москва, меѓутоа, веднаш по падот на соборениот авион почна да демантира дека е замешана во злосторството. Руската страна веднаш почна со пласирање измислени теории за некаков украински заговор, за тоа дека украински воен авион го ракетирал цивилниот „Боинг“ , што се прикажуваше со главно фалсификувани докази.

Ракети „Бук“ за бунтовниците

Темелните анализи на деловите од авионот , од кои беше создадена макета на леталото, сепак, ја откриваат вистината. За тоа ,каде на трупот влегла ракетата, како и дека станува збор за ракета „Бук“ од руско производство, лансирана од запоседнатите делови на украинскиот Исток , каде бунтовниците имале и ваква ракета и рампа за лансирање.

Воени експерти тврдат дека е докажана врската меѓу бунтовниците и Русија, преку руската противавионска ракетна бригада , стационирана во реонот на градот Курск, опремена со „Бук “ ракети.. Затоа и истрагата и обвинителството тврдат дека Москва е длабоко инволвирана во соборувањето на авионот , на истиот начин како што од 2014 година е инволвирана во сите случувања, во бунтот , отцепувањето и во агресијата врз Украина.

За сите овие осум години од соборувањето, Русија и нејзиниот претседател ниту покажаа волја да соработуваат со неколкуте истраги. Продолжија со приказаната дека руската страна „ за ништо не е виновна“. Онака како што и сега , по изрекувањето на пресудата, реагира со дисквалификација на судот, нарекувајќи го судењето – „политичко судска  фарса“-

Роднини на жртвите во авионот, на тоа, реагираат со згрозеност, порачувајќи и на Москва дека ако ништо друго- „можеше барем да изрази сочувство, или обично жалење за она што се случи“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе