Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Енергијата и храната „мотор“ на инфлацијата

Gaudenis G./Unsplash

Енергијата и храната „мотор“ на инфлацијата

На почетокот од есента , еврозоната имаше инфлација од над 10 отсто, додека  САД во тоа време забележа пад на инфлацијата, иако таа остана висока, за американските прилики, на 8,5 отсто.

Таа разлика, според експертите, е последица на разликата на цените во енергетскиот сектор. Во САД беше регистриран благ пад на цените на горивото, што само ја потврдува од претходно создадената констатација дека растот на цените на енергијата и на храната  се „моторот“ на европската и глобалната инфлација.

Тоа го чувствуваат и големите и малите земји, а тоа е видливо и кај послабите и во моќните економии- без разлика дали се во зоната на еврото, или надвор д него и дали се во ЕУ, или се уште не членуваат во Унијата.

Една Германија, која останува најмоќната европска економија , на почетокот од есента, на месецно ниво, е забележана инфлација од 2,2 отсто, искачувајќи се цели 11 отсто, што одамна не е забележано . За разлика од Германија, соседна Франција , се наоѓа во поповолна состојба и таму инфлацијата е под 7 отсто.

САД се борат со поскапувањето

Според анализата на Европската централна банка (ЕЦБ) инфлацијата ( засега) останува да биде висока и тѕоа низ целата еврозона, како и во ЕУ, па поекцијата е таа до крајот на оваа година да не падне под 10 отсто.

Дури две третини од инфлацијата во зоната на заедничката европска валута е предизвикана од само два фактори- енергијата и храната и големото поскапување што таму се случи и што се уште се одржува  и покрај бројните нерки на владите во Европа. Како во еврозоната и во ЕУ, така и надвор од нив.

Проценка на европските финансиски експерти во ЕЦБ е дека постепено намалување на инфлацијата е моѓно во следната година. Затоа и се очекува и натаму клучните камати во зоната на еврото и натаму да се одржуваат на над два отсто.

Америка , на тој план, е отидена најдалеку со зголемување на основата камата и таа е за два процентни поени повисока од европската, што пак, придонесе,  за толку, инфлацјата во САД да е пониска од онаа во Европа.

Увезена инфлација

Сепак, ако се тргнат цените на енергијата и на храната, се одржува на високо ниво- 6,5 отсто , што благо зголемување во однос на крајот на летото. Тоа, пак, се означува како највисок раст на инфлацијата во САД во последните 40 години.

Експертите на ЕУ ги предупредуваат сите земји-членки да бидат крајно вниматетелни со движењето на цените и на инфлацијата, колку и да е таа глобална и во голем број случау „увезена“ како поседица на кризата во Европа, а пред сена војната во Украина, по руската инвазија врз оваа земја.

Во регионот на Европа, блиску до Запоаден Балкан, ситуацијата не е ништо подобра. Дури и во земјите од екс Југославија, кои сега се во ЕУ, инфлацијата останува висока и проблем за тамошните експерти и за тамошните влади.

Ситуацијата се префрла и во 2023 година

Во Хрватска, на пример, која од 1 јануари влегува во еврозоната, инфлацијата изнесува околу 13 отсто и не се очекува да падне под десет отсто во следните месеци, до пролет. Словенија, пак, иако има на почетокот од месецот благо намалување на основните цени, бележи инфлација од 10,6 отсто, што е сосема блиску до германската.

Во Централната европска банка во Франкфурт сметаат дека земјите на еврозоната и на целата ЕУ мора да се префрлат на нова фискална политика, која  мора да има и поинаква улога од онаа во текот на пандемијата со коронавирусот.

„Таа мора да биде селективна и за цел да ги има најзагрозените делови и луѓе во општеството. Во случај земјите да не се држаат селетивноста, ЕУ не ќе може да ги постигне своите крајни цели – намалување на зависноста од руската енергија и подршката на т.н. зелена транзиција“- има речено заменик гувернерот на ЕЦБ, Луис  де Гуиндос.

Тој проценува дека инфлацијата ќе ја има и следната година, Во зависност од ситуацијата со енергијата и од состојбата со војната во Украина, (само во еврозоната) инфлацијата ќе се движи меѓу 5,5 и 7 отсто.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе