Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Прва оставка во владата на Сунак

Прва оставка во владата на Сунак

Само две недели по формирањето на новата британска влада- трета за неполни два месеци- новиот премиер Риши Сунак се соочи со владина криза, со истрага што ја има покренато водството на тори партијата и Парламентот , како  и со прифаќање на оставката на еден свој  министер, кој беше именуван пред 14 денови.

Министерот без портфељ Гавин Вилијамсон мораше да се повлече од оваа најнова  конзервативна влада , откако беше обвинет за – како што е речено- неморално однесување кон пратеници и поранешни партиски колеги, испраќајќи им „неприкладни“  и заканувачки пораки по електронска пошта.

„Исечи си го гркланот“

Вилијамсон ја навредувал својата партиска колешка и доскорешен лидер на пратеничката група на конзервативците Венди Мортон, со која се расправал за тоа – зашто тој не бил на списокот на поканетите за погребот на кралицата Елизабета.

Други, пак,  го обвинуваат за малтретирање- мобинг , додека бил во министерството за одбрана, но  и за неморално однесување додека бил на функцијата шеф на пратеничката група.

Во изјави за медиумите, пратениците и поранешните соработниви кои го имаат пријавено, рекле дека Вилијамсон ги користел финансиските проблеми на пратениците како средство за притисок, користејќи притоа „валкани гласини“ .

Негови поранешни соработници , уште додека работел во министерството за одбрана,  откриваат дека станува збор за контроверзна личност , затоа што на луѓето знаел да им зборува- „Исечи си го гркланот, или скокни од прозорецот и убиј се“.

Грешка на Сунак

Лондонските медиуми кои  му посветуваат широк публицитет на овој најнов случај во владечката конзервативна партија, оценуваат дека Сунак има направено грешка со  именувањето на Влијамсон  во најновата влада.

Најмногу  затоа што тоа доаѓа по создадена ситуација  со скандалите  на Борис Џонсон  и неуспехот на  Лиз Трас да ја стекне довербата на јавноста и пред се, на финансискиот свет и на инвеститорите со планот за излез од кризата,  што предизвикаа голема  криза во ториевските редови, длабоко меѓусебе поделени, но кои се одразија и врз вкупната  состојба во државата.

За сега веќе екс министерот се вели дека вршел мобинг врз поранешни соработници на бившата премиерка Лиз Трас, а  сега се потсетува дека (поради своето однесување) бил поставен, па потоа и сменет од неколку премиери, пред  Сунак.

Заканувачки мејлови

Тереза Меј го има сменето од функцијата во министерството за одбрана, затоа што се разбрало дека има откривано доверливи информации.  Отказ и има добиено и од Борис Џонсон кој има откриено дека Вилијамсон, практично,  нема ништо сработено на новата позиција што ја добил  во министерството за образование. Поради сето ова , Лиз Трас го има тргнато настрана, но нејзиниот наследник Сунак , на големо изненадување, го врати во владата, како министер без ресор.

Многу брзо потоа, медиумите открија дека и праќал навредливи пораки по меил, на  Венди Мортон , инаку поставена на својата тогашна функција од Трас, откако разбрал  дека нема да присуствува на погребот на покојната кралица.

Според „Сандеј Тајмс“  Вилијамсон ја обвинувл Мортон  дека „тера своја политика“  според која ( наводно) „треба да се казнуваат сите кои не ја подржале Лиз Трас“ за партиски лидер , заканувајќи се притоа дека – „знае како функционираат тие работи“ , но и дека за тоа „некој ќе мора да  плати“!

(Д.Л.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе