Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Олигархот Тинков се откажа од руското државјанство

Олигархот Тинков се откажа од руското државјанство

Рускиот милијардер и поранешен олигарх Олег Тинков, кој ја има создадено он-лајн банката „Тинков“ , соопшти дека демонстративно се откажал од руското државјанство, во знак на протест поради војната што неговата земја ја води во Украина. Уште од порано е познато дека – од самиот почеток- Тинков е против агресијата и војната што Русија ја води на територијата на соседна Украина.

На својата страница на Инстаграм, овој милијардер има запишано дека се отжува од државјанството на земјата од која потекнува, како протест за она што таа го прави.

„Не можам  и не сакам  да ме поврзуваат со режимот во фашистичка земја која има покренато војна против мирниот сосед, во која секој ден убива невини луѓе“- има речено Тинков на оваа социјална мрежа.

„Ја мразам путинова Русија“

Во исто време, тој изразува надеж дека и други истакнати бизнисмени  ќе го следат неговиот пример. Тинков смета дека на тој начин ќе може да ослабне „режимот на претседателот Владимир Путин и неговата економија“, што на крајот би го поразило, предизвикувајќи го неговиот пад.

На Инстаграм, крајно револтираниот Тинков, има поставено и снимка- фотос од потврдата на рускиот конзулат  со која се потврдува дека тој повеќе нема руско државјанство.

„Ја мразам оваа, путиниова Русија, но ги сакам сите Руси кои јасно се имаат определено против оваа луда војна“ – вели овој олигарх.

Во својот успешен бизнис , неговата банка има бележено постојан подем, па во 2020 година „Тинков“ банката стана трета по големина во Русија, веднаш зад „Сбербанката“ и ВТБ банката , откако успеа да има над 20 милиони клиенти.

Непотизам и сервилност кон Кремљ

Во април оваа  година тој, прв пат, жестоко ја критикуваше „апсурдната воена офанзива“ , повикувајќи го Западот да помага за завршување на – како што тогаш рече- масакрот што Русија го прави врз Украина. Во истата изјава тој се пресметува и со режимот во Русија, за кој има речено дека се потпира врз непотизам и сервилност.

Според Тинков, бирократијата на Кремљ е шокирана, што не само таа, туку и нивните деца сега не може да патуваат по земјите од Медитеранот, додека во исто време бизнисмените се обидуваат да ги спасуваат „остатоците од своите бизниси и имоти”.

Во април , исто така, тој продаде 35 отсто од акциите што неговото семејство ги поседуваше во својата компанија „ТЦС Груп“, со седиште на Кипар. Како купувач се јави и ја откупи најбогатиот човек во Русија- Владимир Потанин- сопственик и раководител на рударскиот гигант „Норилск-Никел“ инаку сосема близок до Путин.

Бизнисмените бегаат на Западот

Групата ТЦС која ја основа и со која до пред шест месеци ја поседуваше Тинков, -опфаќа низа бизниси, како банкарство, осигурување и мобилна телефонија.

Во 2020 година, меѓутоа, Олег Тинков беше уапсен во Лондон, по налог на САД, каде беше обвинет за прикривање и неплаќање данок. Но, набргу потоа беше ослободен , со кауција, а британските власти му дозволија да остане во Британија на лечење од леукемија,  од која е заболен.

Европските и британските медиуми откриваат дека од своето руско државјанство, а како протест на војната, се има откажано и рускиот банкар Николај Сторонски , за кој се знае дека има украински корени.

На почетокот на октомври годинава,  беше јавено дека израелско-рускиот финансиер Јуриј Милнер , исто така, се откажал од државјанството на Русија. Во 2014 година, во знак на протест, по инвазијата на Крим и предизвиканиот бунт во Донбас, од страна на Москва,  ја има напуштено Русија и се пресели во САД, каде и сега живее, но до пред еден месец се уште беше руски државјанин.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе