Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кумашинот Медведчук разменет за 215 Азовци

Кумашинот Медведчук разменет за 215 Азовци

Во време на зголемени воени операции и остри меѓусебни обвинување, уште по силната и успешна украинска контраофанзаива, Москва и Киев, сосема неочекувано, извршија  размена на заробеници- 215 Украинци, како и десетмина странци кои се бореа на украинска страна, за 55 руски војници и офицери.

Главната „ѕверка“ на размената, сепак, не е некој од војниците и на двете страни, туку еден поранешниот украински политичар, тамошен олигарх и силен руски човек во Киев- Виктор Медведчук.

Уапсен при обид за бегство во Русија, тој во затвор  очекуваше судење во Киев, за велепредавство. Но, за него од почетокот на апсењето се знаеше дека не е обичен затвореник и  заробеник , затоа што е близок пријател со Владимир Путин за кого се знае дека во една прилика бил на гости кај него и неговата сопруга, но и дека рускиот претседател   е кум на нивната најмлада ќерка .

Азовци префрлени во Турција

Во сегашната ситуација на војна и непријателство, можеше да го спаси само кумашинот од Кремљ и тој тоа и го направи.

Прифати размена со која беа опфатени и луѓето од украинскиот батаљон Азов, меѓу кои се наоѓаат и главните команданти на единицата за која , по нивното предавање и заробувањето кај Мариупол,  руската страна тврдеше дека ќе бидат судени не како воени заробеници, туку како воени злосторници. И дека ќе бидат најстрого казнети.

После извршената размена во која, како што се разбра, биле вклучени Турција и Саудиска Арабија, воените команданти на Азов кои без разлика на нивното десничарско минато и  сомничењето дека се блиски до нео-нацизмот, станаа украински херои, поради нивната бескомпромисна одбрана на Маииупол и на неговите луѓе во локалната челичарница Азовстил, наместо во затвор и на судење на Русија, се најдоа на слобода.

Според договорот за размена на заробениците, тие не се вратија дома, во Украина туку се префрлени директно во Турција на, како што се вели- безбедно место и далеку од војната и воените судирања. Тоа сепак, предизвика воодушевување во Киев и големо изненадување надвор од Украина- како во Европа, така и во Москва.

Изненадување во Европа и Москва

Пред се, затоа што  еден од изговорите за инвазијата ,според Москва, беа токму Азовци и планот на Русија да се спроттивстави на „обновениот нацизам“ во Украина и да ги запре  (наводните) злосторства што припадниците на овој батаљон кој и се приклучи на украинската армија, ги имаат извршено против Русите во Источна Украина. И сега , Москва тврди дека имала и има право да го заштитува населението во Украина кое зборува руски јазик.

Меѓународната јавност и покрај задоволството што Киев и Моска се договорија „зад сцената“ и ја спроведија целата операција, онака како што е договорено, останува збунета околу тоа- зашто се направи токму сега и зашто Путин ги погази сите свои зборови.

Како за батаљонот Азов, така и за размената на заробенци, дури  кога станува збор и за Медведчук, затоа што уште пролетоска украинскиот претседател го понуди ова решение за размена- нудејќи го предавникот за заробените Украинци, но Москва сето тоа студено го одби.

Изненадувањето е поголемо затоа што дојде само неколку часови по говорот на Путин  во која објави мобилизација ( прв пат поселе далечната 1941 година) и по соопштението дека во четири украински области- сега под окупација- квислингшките власти во Донбас ( Донецк и Луганск) како и во Запорожје и Хершон, ќе се спроведе референдум за нивно припојување кон Русија.

Игрите со контроверзниот Виктор

И едното и другото се означуваат како ескалација  на ситуацијата во Украина, особено што Киев веќе од порано има порачано дека доколку Руија  изврши анексија на делови од украинската територија, тоа ќе значи „смрт за преговрите“. Едноставно, ќе нема за што да се преговара.

Затоа и останува дилемата зашто беше споведена размемната на заробениците и тоа онака како што се направи. Односно, дали таа ќе има некакво влијание на натамошниот тек на војната и дали Медведчук е навистина толку многу заслучен и ваќен за Путин и за Русија, за да Кремљ се согласи и на размената и на слободувањето на Азовци и на странските заробенци, од кои некои веќе беа осудени на смрт.

Медведчук е заробен на 12 април, речиси два месеци од почетокот на руската инвазија и на војната. Во Киев беше објавено дека тиј е осомничен за велепредавство и за обид за грабеж на „националното богатство на Крим“, што Москва го анектира во 2014 година.

Веќе следниот ден Зеленски го понуди за размена, а Москва го одби предлогот, тврдејќи дека станува збор за украински државјанин, дека е странски политичар и дека нема никаква врска со „специјалната операција“ на Русија во Украина.

Русија го спасува Медведчук

Во меѓувреме, Москва ја измени својата позиција, прифати да преговара и на крајот и да се направи една крајно несоодветна размена- 55 руски војници и офицери  за 215 Украинци во кои доминираат припадниците на Азов.

Излезе дека Медведчук не е било кој за Кремљ и дека е толку многу вреден што Русија и Путин прифатија да ги ослободат оние за кои (тврдат)  ја започнале својата „ослободителна воена мисија“ за наводната „денацификација“ на Украина.

Она што се знае за овој Украинец е дека беше лидер на една силно про-руска опозициска партија- Опозициска платформа за живот. Во март година, партијата беше забранета , затоа што беше обвинета дека е поврзана со Москва и со инвазијата.

Иако поголемиот дел од животот го има поминато како адвокат, за него се тврди дека е мошне богат и дека поседува богатство што се проценува меѓу 600 милиони и една милијарда  долари.

Близок со Кучма и со Путин

Роден е во Русија, во Сибир. Неговиот татко исто така е означен како контроверзна личност- бил осуден на затвор, а потоа и на прогонство  за соработка со нацистите во тогаш советска Украина, во текот на Втората светска војна.

По распадот на СССР, Медведчук се преселува во Украина и во 2000 година влегува во политиката- како украински пратеник. Бил пратеник само една година, но потоа станал близок соработник на тогашниот украински претседател  Леонид Кучма. , Во  2003 година се има запознаено со Путин, додека бил шеф на кабинетот на Кучма, а една година подоцна Медведчук и Путин се толку блиски што рускиот претседател станува кум на неговата ќерка.

Медвечук има зборувано дека неговата блискост со рускиот претседател била само во функција на „подобрување на животот на луѓето во Донбас“.

Путин , пак, во една прилика за овој контроверзен Украинец има речено дека е „убеден оти ниту едно прашање врзано за Украина, не може да се разреши без Виктор Медведчук“.

(С.Г.)

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе