Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Антиевропски и противдржавно

Антиевропски и противдржавно

Опозициските вмровци продолжуваат со својата политика на опструкција и на блокада на Македонија – и кога станува збор за домашните работи и кога се прашање меѓународните интереси на државата. Овој пат станува збор за одамна, зацртаната стратегија за целосно приклучување на европските интеграции.

Уште еднаш, опструкциите се прават во историски, моменти за земјата – кога таа веќе го има отворено преговарачкиот процес за влез во ЕУ, после 15,5 години чекање.

Сега Унијата е таа што го има забрзано тој процес, меѓу другото и поради безбедносните закани (од Русија, па и од Кина) за Западен Балкан, а преку него и за ЕУ. Целата ситуација е засилени и од војната на Истокот од Европа, па затоа Брисел настојува да се затвори развлеченото прашање околу стартот на овој процес со Македонија (и Албанија).

Блокади од домашната опозиција

Франција која претседаваше со ЕУ до крајот на јуни вложи напори да се создаде простор за почеток на преговорите со Скопје (и Тирана), барајќи компромисна формула, за да се тргне бугарското вето. Друга е работа како и зошто тоа се постави, откако изгледаше дека Бугарија, конечно, станува вистински европска држава, но овој пат се работеше за македонските државни интереси, особено што тие за прв пат се врзаа и за европските – ширењето на ЕУ кон Западен Балкан.

Емануел Макрон, буквално, во последен момент, изнајде компромисно решение – кое во својата прва верзија (сепак) не ја задоволуваше македонската страна, па владата во Скопје не ја прифати – па, се направи втора, прифатлива за македонската страна, која ја прифатија и Македонија и Бугарија.

Новата верзија на протоколот (од разговорите на двете страни) е она што македонската влада го бараше – заштита на националните интереси – чија суштина е дека тие не може да бидат предмет во идните преговори за влез во Унијата.

Но, кога се мислеше дека работите може да тргнат, скопските вмровци покренаа опструкција на македонската европска определеност. Прво, повикаа, а потоа со денови, во почетокот на јули, организираа протести против Европа и ЕУ и против (наводната) бугаризација.

Вмровците против ЕУ и Европа

Нивниот предводник во Скопје тогаш отворено се изјасни против македонското членство во ЕУ, успевајќи да ги мобилизира не само своите улични јуришници, туку да навлече на своја страна и граѓани кои веруваа дека навистина се брани македонската национална посебност. Меѓу овие не мал број знаеја дека станува збор за политиканска игра – за да се собори актуелната проевропска и прозападна влада.

Во исто време, беше јасно дека уличните бунтувања кои на моменти беа и насилни се увезени, како што беа и нарачани и поттикнати од странство, за да се попречи патот на државата кон ЕУ, што најпосле се отвори.

Кога протоколот околу кој се дигна целата врева, сепак, помина во Парламентот, вмровците по кусо затишје и (добиен нов налог) се определија за нова блокада. Се определија да бараат организирање референдум. Не, за протоколот што веќе беше усвоен и по што веднаш уследи отворањето на процесот за преговарање, туку за Договорот за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

На ова друштво не му беше важно што веќе беше усвоен и ратификуван. Вмровската опозиција (сега) откри дека тој бил штетен зз Македонија (ја поттикнал антимакедонската кампања во Софија), па дека затоа „народот“ требало да одлучи дали договорот да остане, или да се поништи.

Политикански игри

Оваа опозиција и нивните поддржувачи од страна, веруваа дека не е проблем туку – така да се поништи еден меѓународен договор,, па најавија собирање потписи за организирање референдум. Веруваа дека преку него ќе го соборат „договорот на Зоран Заев и Бојко Борисов“ и уште еднаш покажаа дека македонските државни интереси се последната работа за која тие се грижат.

Веднаш стана јасно дека знаат оти немаат шанси да издејствуваат ниту референдумско изјаснување за ратификуван договор, ниту дека ќе обезбедат доволно гласови за поништување. Уште еднаш ваквата македонска опозиција своите партиски интереси ги стави пред државните и оние на народот, затоа што евроинтеграциите ги користи колку да се да се дисквалификува власта, владата и водечката партија во коалицијата.

Во добро познатиот популистички стил на лажни патриоти и салонски националисти, со иницијативата за референдум политичките противници требаше да се означат како „предавници“. Но, во исто време и за да се создаде политичка криза во земјата, наместо да се прави простор за брз старт на преговорите со Брисел, преку отворање на првите поглавјата.

Договорот е вмровска иницијатива

Иницијативата за референдум, нормално, не помина. Меѓудржавен договор се поништува само ако владата што го потпишала се откаже, или се повлече од него.

И во таков случај тоа би предизвикало реакција на другата страна – со тужба за непочитување на меѓународен, ратификуван документ, што за нас како држава, би значело не само удар врз престижот на земјата, туку (во овој случај) би предизвикало и прекин на пристапниот процес и затворање на патот за членство во ЕУ. Но, ваков договор не може еднострано да се поништи – со референдум.

Секако дека блокадата кон ЕУ е и главната цел на странските спонзори на домашната националистичка опозиција. Меѓутоа, притоа, намерно се забораваат некои работи од сосема блиското минато. А, тоа е дека иницијативата за правење меѓудржавен договор на Скопје и Софија – за пријателство и за соработка – не е сдсмовска, туку е вмровска.

Потекнува од првата влада на оваа партија и на тогашниот македонски премиер – за да им се помогне на Бугарија и на нејзиниот премиер во тоа време (Иван Костов) – во нивното настојување земјата да стане дел од европското семејство и да влезе во ЕУ, со другите од Истокот на Европа. Тоа е време кога лидерот на вмровците го бугаризираше своето име и кога нивните партиски теоретичари не уверуваа дека Македонците “имаат бугарски корени, како и дека Македонија не може да бара малцинство (во Бугарија) додека македонската нација не биде признаена!?

Доброволно одродување – за пасош

Новиот вмровски лидер сврте друг лист – па почна да не грцизира, крадејќи ја грчката, античка историја, бегајќи од нашите словенски корени, но отворајќи широко врата за “бугаризирање“.

Овозможувајќи им на стотина илјади етнички Македонци, доброволно да се одродат – земајќи бугарско државјанство, како „Бугари по род“, за да се стекнат со бугарски пасош! Лидерот на вмровците – за земјата – е зет во едно такво семејство на новосоздадени Бугари, а скопјани изгласаа Бугарка за кметица на градот, па сега државата Северна Македонија ќе ги внесе во преамбулата на Уставот – како една од етничките заедници кои овде живеат.

Тажниот циркус со иницијативата да се пресметуваме во Бугарија и еднострано да го поништиме договорот со Софија, за да се запре патот кон Европа, беше видлив уште од почетокот. Водачот на вмровците во Скопје, прво се огласи дека тој не е против тоа Бугарите да бидат внесени во Уставот, но дека неговата партија во Парламентот нема да гласа за уставните промени – кои се прават само за да се внесат Бугарите.

Ветување дадено на Борисов

Кога стана јасно дека иницијативата „не држи вода“ и не може да помине и кај македонските граѓани кои сега знаат дека државата прв пат има стратегија за влез во ЕУ – до 2030 година, дури и меѓу вмровските активисти не не се запалени за тоа, водачот одново се огласи.

Овој пат порача дека како и да помине иницијативата (и референдумот) неговата партија ќе гласа против уставни измени.

За каков човек станува збор, меѓутоа, покажува еден податок од ноември 2019 година што во Скопје како да е подзаборавен. Оние кои „сечат вени“ за вмровската кауза и за нивните лидери не сакаат за зборуваат за еден снимен документ што го поседуваат Бојко Борисов и владината бугарска администрација.

Станува збор за ветувањето на водачот на скопските вмровци дека го подржуваат договорот за пријателство и соработка и дека доколку неговите ја освојат власта во Македонија, целосно ќе го почитува.

На снимката која се наоѓа на интернет, овдешниот лидер и „патриот“, наводен заштитник на македонските национални интереси, зборува и македонски и бугарски, што во основа не е лошо, доколку кога тоа го прави некој друг – тоа не се прогласува за предавство.

(Спектатор)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Едиторијал

Горе