Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вилијам и Хари заедно во Виндзор

Carfax2, Duke and Duchess of Cambridge and Prince Harry, CC BY-SA 3.0

Вилијам и Хари заедно во Виндзор

Новиот британски престолонаследник, принцот Вилијам и војводата од Сасекс, принцот Хари, се појавија заедно со своите сопруги Кетрин (Кејт) и Меган во Виндзор, во разгледување на цвеќињата што Британците ги оставаат покрај патеката до замокот, оддавајќи и почит на починатата кралица Елизабета.

Во замокот во Виндзор, место во околината на Лондон, Елизабета најчесто престојуваше, доколку не беше во службената резиденција во Бакингамската палата, или во дворецот Балморал. Како што е соопштено починатата кралицата во Виндзор ќе биде и погребана.

Ова е прво јавно, заедничко појавување на двајцата браќа, синови на новиот британски крал Чарлс, по подолго време, уште заедно со нивните сопруги. Последен пат, Вилијам и Хари се појавија заедно, но без Меган која тогаш беше бремена, на погребот на нивниот дедо, принцот Филип – војводата од Единбург, од пред безмалку 1,5 година.

Помирување на принцот и војводата?

Фотографијата од двете двојки како одат заедно меѓу големата толпа луѓе дојдени да положат цвеќе, го заобиколи светот, поради крајно заладените односи на браќата (и на Кејт и Меган) што траат уште пред Хари и неговата сопруга да се откажат од кралските обврски и да се преселат во САД. Тие односи уште повеќе се влошија по интервјуто што во Америка го имаа со Опра Винфри во кое (меѓудругото) кралското семејство се прекорува за „расистички однос“ кон Меган Маркл.

Интервјуто, според лондонските таблоиди, многу го има налутено Вилијам, за што медиумите ја обвинуваа Меган, иако Хари за тоа самиот има зборувано уште во ноември 2016 година, на почетокот на неговата врска со сегашната сопруга. Тогаш Хари ги обвини медиумите за расизам и за навредување на (во тоа време) неговата девојка, која е дете од расно мешовит брак.

Заедничкото појавување на браќата и нивните сопруги доаѓа по обраќањето на новиот британски крал до јавноста во Британија во кое тој им изрази „љубов и почитување“ на своите два сина и двете снаи. Промовирајќи ги Вилијам и Кејт во – престолонаследник – принц од Велс, а сопругата во принцезата од Велс, титула која за прв пат ќе се употребува после 25 години, но и помладиот Хари и сопругата Меган како дел од семејството, без разлика што тие сега живеат во Америка.

Обид за ново клеветење на Меган

Татковската порака на новиот крал е обид да се запрат (за момент обновените пресметки) на дел од лондонските медиуми со Меган која, кои се нафрлија врз Хари и Меган – затоа што тој „задоцнил за да биде покрај бабаму на умирање во Балморал“, а неговата сопруга затоа што “не ја примиле, бидејќи не сакале таа во тие моменти да биде со семејството“.

Во Балморал, меѓутоа, не беше ни Кејт Мидлтон, сега новата принцеза од Велс и идна кралица. За тоа се најде објаснување – немало кој да ги чува нејзините три деца – што делива смешно за едно кралско семејство, па отсуството на Меган Маркл во Балморал, каде задоцнија и двата сина на кралицата – Ендрју и Едвард – се смета како нов пример за клеветење и за отфрлање на Американката од семејството.

Новиот крал Чарлс Трети се обиде да ги прекине таквите озборувања и јавно да им покаже на сите Британци дека Хари и Меган остануваат во семејството. Исто онака како дел од семејството се сопругата Камила, сега кралица – придружник на кралот и постариот син Вилијам, иако помладиот син и снаата сега не живеат во Британија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе