Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Раша Тудеј“ заговара војна за Косово

„Раша Тудеј“ заговара војна за Косово

Руската телевизиска станица „Раша Тудеј“ -(Русија Денес)- која емитува програма на англиски и на уште неколку светски јазици е  создадена пред се за  ја  пропагира политиката на Кремљ кон светот и пред се кон Западот. По  инвазијата на Украина, максимално е вклучена  во потикнувањето на војната и   судир со ЕУ и Западот, па во тие рамки и за дестабилизација на региони на европскиот континент, како што е Западен Балкан.

Целта на таквата пропагандна политика е  префрлање на тежиштето на војната  од руската граница на други европски подрачја – за да се натерааат украинските сојузници да се занимаваат со гаснење на нови кризни жаришта што Русија сака да ги отвори.

Во рамките на таквата руска стратегија , во кои е вклучена „Раша Тудеј“ , оваа  ТВ станица, има направено и прикажано  специјална „документарна програма“  за Србија, во која отворено се заговара војна во Косово.

„Ослободување на српскиот свет“

Поентата на ваквата воено-хушкачка емисија е да се покренат ултра-националистичките и крајно-десничарските сили на српска територија за воена пресметка со косовските Албанци за „ослободување на српската земја“, онака како што Русија и Русите направија со Крим.

Затоа и главнината на програмата е посветена на овие сили , со кои „РТ“ има комуникација, па им дава и можност тие да  зборуваат за – „ослободување на сите српски земји“ . Во нив ги сместуваат српската енклава Република Српска во БиХ, Црна Гора и секако Косово, истакнувајќи ја потребата да се изврши „ денацификација и демилитаризација“ омилени термини на Владимир Путин и на Дмитри Медведев кога сакаат да ја оправдаат агресијата врз Украина.

Тоа би требало да значи-  со воена сила да се „ослободат земјите од српскиот свет“- како што тоа го прават сега Русите , третирајќи ја украинската територија за своја „руска земја“ и го „ослободуваат“ т.н. руски свет.

Екипата на „Раша Тудеј“ се има поврзано со лидерите на ултра-десничарската , српска , паравоена милиција , наречена Народна Патрола, при што руската ТВ станица открива дека српските пара-милитарци одат во патроли, ноќе и ги напаѓаат странските мигранти и бегалци кои во моментот се на српска територија. Подоцна,  се има вклучено во едно такво патролирање  – во контрола на ситуацијата на теренот.

Рускиот амбасадор одново бара база

Еден од водачите на Народната Патрола ја има критикувано актуелната српска власт , а посебно се напаѓаат „многуте луѓе во власта кои се наклонети кон Западот“.

Гостин во програмата е и амбасадорот на Русија во Србија кој делува како да има целосна контрола врз сите русофилските сили во земјата , насочувајќи ги нивните активности кои- главно- се антисрпски. Александар Боцан-Харченко за РТ зборувал за потребата Русија да има своја база на српска територија .

Во една претходна изјава за српските медиуми , кога првпат се откри дека Москва сака воена база, Харченко има речено дека тоа е сепак работа на српските власти. За својата „Раша Тудеј“, меѓутоа, амбасадорот е многу поотворен, па барањето го смета како право на Русија  на тоа – „кога веќе НАТО е во Бондстил, во Косово“.

Секако, не може да се прави една ваква споредба и рускиот амбасадор тоа го знае .  НАТО е дојдено со мандат и има мировна улога- спречување на нов српско-албански конфликт, како оној пред две децении.

Дестаблизицаија на регионот

Русија, пак, сега бара – наместо постоечкиот ,  наводно,  Хуманитарен центар во Ниш кој и онака е  претворен во руска база за прислушување на регионот, да се уреди права воена база која само ќе ги дестабилизира Западен Балкан, но и цела Југоисточна Европа.

Харченко тоа практично  го потврдува и во разговорот за РТ-  нафрлајќи се  остро против Западот и против ЕУ, порачувајќи им притоа  на српските гледачи ( и на  оние кои се уште ја следат оваа телевизија) дека Србија е „излажана“ од Западот и дека наместо тоа е „изложена на силен притисок“ .

Во оваа прилика одново демантирал дека Русија го прави истото, што делува лажно кога се гледа која и каква е вистинската цел на програмата на РТ – да се изврши нов силен притисок врз официјален Белград и да се мобилизираат про-руските сили во Република Србија.

„Западот ја тера Србија на анти-руски санкции , како и на тоа да го признае Косово, што значи – ризик за Србија да остане без евтина нафта и евтин гас“- рекол Боцан-Харченко за РТ и практично се демантирал себе си кога  зборува дека Русија е безмалку невина кога станува збор за притисоците врз Белград.

Офанзива против европските сили

Српските политички аналитичари оценуваат дека вака компонирана ТВ емисија има цел да потикне воен конфликт на Косово и во регионот, за да поширока дестабилизација на Западен Балкан.

Исто така, намерата е да се одржуваат компактни и силни проруски сили на кои Москва смета во Србија и над се да се притиска на целиот прозападен блок и на проевропските сили кои се многу побројни во големите градови, отколку во внатрешноста на земјата.

Конечно. има и мислење дека преку „Раша Тудеј“ Кремљ има испртено порака-закана  до српскиот претседател кој во Москва веќе е критикуван за седењето на две столчиња.

„Раша Тудеј“ инаку се зборува дека ќе отвори свое претставништво во Белград ( или можеби студио-дописништво) , па заедно со агенцијата „Спутник“ која ја имаа истата мисија дадена од Кремљ, ќе го претворат српскиот главен град во моќен антиевропски пропагандистички центар на Москва .

(Д.Б.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе