Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Американците повеќе пушат марихуана од цигари

Thought Catalog/Unsplash

Американците повеќе пушат марихуана од цигари

Најновите истражувања кои се направени во САД, откриваат дека Американците повеќе пушат марихуана (канабис) отколку цигари, што се случува за прв пат откако се почнало со ваквото испитувања за мислењето и однесувањето на јавноста. Тоа значи дека бројот на пушачите на марихуаната е поголем од оној на пушачите на цигари.

Последното истражување на „Галуп“ покажува дека 16 отсто од анкетираните признале дека редовно пуши марихуана, а дека дури 50 отсто од нив рекле дека тоа го прават повремено.

Ова откритие драстично е променето од 1969 година кога за прв пат оваа истражувачка агенција го има поставено истото прашање. Тогаш, само четири отсто од Американците изјавиле дека користат (пушат) канабис, додека над 40 отсто рекле дека пушат само цигари.

Во децениите потоа, состојбата е изменета, па во најновото истражување само 11 отсто Американци се изјасниле како пушачи, што е најмалиот процент досега, уште од 1944 година, кога „Галуп“ ја има започнато својата работа.

Во педесетите години на 20 век, над 45 отсто од граѓаните на САД редовно пушеле цигари.

Ваквиот развој на работите е последица на драстично изменетото гледање во САД кон цигарите и пушењето. Дури 83 отсто од луѓето мислат дека цигарите се опасни и штетни за здравјето, додека други 14 отсто се на мислење дека цигарите се „умерено опасни“.

Но, младите Американци се имаат свртено кон канабисот, па сега една третина од младите до 35 годишна возраст признава дека пуши марихуана.

Тој процент е помал кај оние на возраст меѓу 35 и 55 години и изнесува 16 отсто, додека само 10 отсто од луѓето над оваа возраст изјавиле дека земаат и пушат марихуана.

Американците, инаку, се поделени околу влијанието на канабисот (марихуаната) на општеството.

Анкетата на „Галуп“ открива дека половината од испитаните сметаат дека, марихуаната, во крајна смисла, сепак, има негативен ефект (на општеството и на општествените движења) – без разлика дали ја користат за пушење или не. Меѓутоа, 48 отсто мислат сосема спротивно. Според нив, ефектот на марихуаната (врз општеството) е позитивен.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе