Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Хилари Клинтон ја брани Сана Марин

Gage Skidmore

Хилари Клинтон ја брани Сана Марин

Поранешната американска сенаторка, државен секретар на САД и претседателски кандидат во 2016 година, Хилари Клинтон се огласи со поддршка и во одбрана на младата премиерка на Финска Сана Марин, која со недели е изложена на силни напади од конзервативните кругови во земјата.

Марин (36) која е позната по своето неконвенционално однесување, што инаку е типично за Финците и за Скандинавците, воопшто, стана жртва на критики и осуди во дел од финакста јавност, откако на социјалните мрежи се појавија видео снимки од една приватна забава, на која премиерката темпераментно танцува сама и во прегратка на некои од присутните гости на журката.

Најмладата премиерка на удар

Најмладата премиерка во ЕУ и во Европа, беше обвинувана за „непримерно однесување“ и за „раскалашност“ спротивно на однесувањето што треба да го има една политичарка која ја носи најважната политичка функција во државата.

Беше осудувана дека како мајка и сопруга (во невенчан брак со својот партнер) предизвикала “срамота што дозволила да ја бакнува во вратот човекот со кого таа во еден момент танцувала“, изразувајќи притоа и сомнеж дека на снимките „Марин изгледа како да е дрогирана“.

Во својот познат, фајтерски стил, таа возврати бранејќи се дека како „млада има право да се отпушти од обврските “, дека сака да танцува и дека не гледа ништо страшно ако и таа (иако премиер на Финска) сака понекогаш да танцува, како што тоа го прават и нејзините врсници.

Но, Марин ги отфрли алузиите за „дрогираност“ и самата направи тест за да се види дали земала дрога или не.

„Продолжи да танцуваш“

Кога се утврди дека тестот е негативен, се појави нова фотка, на која се гледа како една од гостинките танцувала во топлес. Марин веднаш се огради од тоа и се согласи дека е непримерно такво нешто во службената резиденција на фински премиер.

Поголемиот број од жените во Финска и младите, застанаа во одбрана на Марин, која како премиер има постигнато завидни резултати. Поддршка добива и од Европа, а сега и од САД и тоа од Хилари Клинтон (74) која на Твитер и порачува – да продолжи да танцува и да се забавува – секогаш кога ќе може.

Притоа, некогашната Прва дама на САД, на својата страница има ставено и фотографија од 2012 година, како и таа весело танцува на една приватна забава, за време на службената посета во Колумбија, како државен секретар на САД.

Марин и се заблагодарила на Клинтон за поддршката, но во Финска таа и натаму е критикувана. Дури и од нејзините социјал – демократи, кои во македонски стил, навестуваат дека со ваквите свои постапки и штети на партијата и дека е „прашање дали треба да остане на лидерската позиција на следните парламентарни избори“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе