Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Британија: Зголемен принос од егзотични растенија

Британија: Зголемен принос од егзотични растенија

Растителните стручњаци во Британија, ова лето, имаат забележано подобар принос на егзотичните растенија – како бананите и авокадото, но и на лубениците – за кои се знае дека, обично, не виреат во оваа земја. Како објаснување за ваквата појава се зема екстремно топлото време што ова лето е регистрирано во Британија.

Одгледувачи на вакви растенија, имале многу добар принос на (британски) лубеници и смокви, но и на типичните растенија за Азија – какви што се јапонскиот цитрус и кинеските урми.

Претставник на Кралското друштво за хортикултура, изјавил за Би – Би – Си дека некои видови банани, отпорни на климатските разлики, како и на некои видови џумбир, се подобро ги издржуваат британските зими – кои не се како на континентот, туку најчесто се благи, без снегови и силен студ, но со многу врнежи од дожд. Растителните стручњаци, меѓутоа, имаат речено дека егзотичните култури многу добро ја имаат издржано и тамошната топлина и жешкото лето, како што беше оваа година.

Климатски експерти, пак, уверуваат дека Британија се загрева побрзо (поради својата географска поставеност) од другите делови во светот, што се случуваат како последица на климатските промени.

Таквата појава, од друга страна, предизвика во Британија да успеваат и растенија кои не се типични за британското поднебје во кое, најчесто, има помалку сонце, а повеќе дожд и влага, споредено со европскиот континент и посебно со состојбата во неговиот јужен дел.

Ваквите оптимистички најави на Британците, дека на британските острови може да се одгледуваат растенија што таму не виреат, не се слушаат за прв пат. Лондонските таблоиди, по секое жешко британско лето, објавуваат „експертски прогнози“ дека Британија може да одгледува и грозје, за вино и дека од него може да се прави и шампањско. За инает на соседните Французи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе