Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Русија го гори гасот наменет за извоз

Русија го гори гасот наменет за извоз

Русија гори големи количества природен гас, што претходно беше планиран за извоз. Во една гасна постројка во близина на границата со Финска, секојдневно се гори природен гас, чија вредност досега се проценува на 10 милиони долари.

Ваквата постапка на руската страна доаѓа во време кога Европа и светот се соочуваат не само со недостигот на оваа суровина, туку и со неговото енормно поскапување. Проценка на експерти е дека цената на гасот во Европа е десет пати зголемена во споредба со онаа во 2021 година.

Се смета дека количества гас што Русите го уништуваат е она што било наменет за Германија, пред да се воведат европските (и германските) санкции кон Москва, поради нејзината инвазија и окупацијата на делови од Украина.

Економска и еколошка штета

Уништувањето на гасот, освен што ја зголемува кризата во снабдувањето со овој енергенс, а го поттикнува и неговото натамошно поскапување предизвикува и еколошка криза во регионот каде се гори гасот и засилено загадување, но и затоплување во атмосферата.

Научниците проценуваат дека оваа – во основа – крајно неодговорна руска постапка, создава огромни количини јаглерод диоксид и пепел што може уште повеќе ќе го забрза топењето на мразот во реонот на Арктикот.

“Никогаш не сум видел толкав оган во постројка за течен гас. Почна околу јуни, беше висок пламен кој не се изгаси и остана многу необично висок” – посочуваат научниците кои го следат горењето од територијата на Финска.

Горење во реонот на руска Портовија

До сега, според анализата на Рустад Енерџи согорени се близу 4,34 милиони кубни метри природен гас, кој бил складиран во постројката за течен гас во Портоваја, северо – западно од Санкт Петербург.

Првите предупредувања за тоа дека се случува нешто чудно дојдоа од жители на Финска, во пограничниот регион, кои уште пред неколку недели забележале оган високо на хоризонтот.

Портоваја е во близина на компресорска станица што е поставена на почетокот од гасоводот ”Северен поток 1” што под нивото на Балтичко Море носи гас до Германија.

За разлика од „Северен поток 2“ кој воопшто не почна со работа, иако е комплетно завршен уште во септември минатата година „Северен ток 1”префрлаше гас за Германија и за Европа и кога почна агресијата на Русија, но снабдувањето низ овој гасовод беше запрено во средината на јули.

Криза на руската енергетска индустрија

Тогаш Русија својата постапка (лажно) ја објаснуваше со технички проблеми за кои ги обвинуваше Германците и Европејците, но брзо се покажа дека во прашање е политичка одлука – односно дека на тој наќин Кремљ ги казнува Германија и Западот за нивната силна поддршка на Украина – да се одбрани од руската агресија.

Горењето на природниот гас, меѓутоа, ја покажува и кризата во која се западнати Русија, руската економија, како и производството и извозот на гас.

Москва се фалеше дека ако Европа го затвори својот пазар за руската нафта и гасот – Русија лесно ќе најде други купувачи и нови пазари.

Форењето на гасот, сепак, покажува дека Русија е тешко погодена и дека не можејќи да го складира гасот, за што нема доволно капацитети, се има определено да го гори – како наједноставно и најевтино за неа решение. За материјалната штета што Москва притоа ја трпи – во Кремљ изгледа не се размислува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе