Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Стотици патници „заробени“ под Ламанш

Стотици патници „заробени“ под Ламанш

Стотици патници со часови останале заробени во тунелот под каналот Ламанш  , откако возот со кој се превезувале, заедно со своте автомобиле, се расипал и останал заглавен среде подводниот пат, меѓу Франција и Британија.

Патниците прво чекале да дојдат до нив специјалните спасувачки екипи, за да ги извлечат од длабочината, на која се наоѓа подводниот тунел за вонредни ситуации. Потоа, чекале во  ходниците на тунелот- под морското дно- за да ги префрлат во друг воз-шатл за возила, што стигнал до нив -за да бидат извлечени на копно.

Дефект среде подводниот пат

Возот што се расипал во текот на возењето,  полн со автомобили и со  патниците во нив, тргнал од Кале на францускиот брег, кон британскиот Фолкстон на другата страна од каналот.

Веднаш е покрената истрага како дошло до дефектот, за кој се вели дека е невообичаен, но дека е разбирлив и можен.

Од управата на шател- возовите велат дека, сепак,  тоа почесто може да се случи при префрлањето на камиони, од едниот на другиот брег,  но дека е мошне редок ваков иицидент, кога станува збор за автомобили со патници.

Систем од три тунели

Подоцна е соопштено дека дефектниот воз ( со возилата)  бил извлечен , а тунелот  оспособен за нормален сообраќај. Патниците, пак, морале да патуваат со друг празен шатл- седнати и легнати на подот.

Компанијата на шатл- возовите соопштила дека на сите патници ќе им компнзира за ситуацијата во која неочекувано се имаат најдено.

Тунелот под морското дно, во каналот Ламанш е долг 37, 9 км и е најдолг од ваков вид во светот. Станува збор за, практично, три тунели – еден покрај друг.

Два се за возовите кои го минуваат подводниот пат за 20 д0 25 минути, а третиот  тунел- во средината, меѓу овие два-  е само за пешаци- патници, кога ќе се најдат во вакви ситуации .

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе