Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Злосторство и казна во Москва

Злосторство и казна во Москва

Експлозии во неколку делови од украинскиот Исток и нови жртви, ги одбележија шесте месеци од инвазијата на Русија и агресијата врз  територијата на Украина и 31 годишнина од независноста-со која земјата се здоби по распадот на СССР во 1991 година.

Володмир Зеленски прими чститки за денот на независноста од пријателските земји , потсетувајќи дека над 50  и помагаат на неговата земја да се справи со агресорот кој најавува дека   „ослободените“ територии ќе ги анектира – онака како што тоа го направи со Крим, во март 2014 година.

Украинскиот претседател, затоа, по повод Денот на незвисноста навести ослободување на полуостровот, иако аналитичари кои се пријателски наклонети кон Зеленски и кон храбрата борба на Украинцие , сметаат дека тоа ,сепак, ќе биде тешко да се оствари.

Бомбашка „честитка“ од Русија

Од Москва, пак, за празникот стигна една поинаква „честитка“- со напади и со експлозии во реонот на Харков, на Запорожје и на Дњепар, како и со интензивирање на обвинувањата дека властите во Киев се одговорни за атенттот врз  десничарската и воено-хушкачка руска новинарка Дарја Дугина .

Таа е ќерка на ултанационалистичкиот руски филозоф,  Александар Дугин, потикнувач на војната во Украина. Креатор  на агресивната и националистичка теорија за создавање  „руски свет“ на просторот на некогашниот СССР , познат и како „филозофот на Кремљ“ и како близок пријател на Владимир Путин.

Рускиот претседтел ја покажа таа блискост за која досега само се навестуваше, откако остро го осуди убиството на Дугина, во едно московско предградие, нарекувајќи го  „брутално и сурово злосторство“ .

Гневот на Путин

Станува збор за квалификација која од почеокот на војната, од Москва за прв пат се слуша, иако таа  многу повеќе прилега за злосторството на руската војска во Буча, или за страшниот податок на УНИЦЕФ дека досега во Украина се убиени и ранети над илјада деца.

Путин  посмртно ја одликува Дугина , прогласувајќи ја за херој, што е блиску до рекцијата на нејзиниот татко.

Тој има речено дека Дарја – „паднала за татковната, за Русија,  како добра православна млада жена, вистински патриот, како воен репортер и филозоф ( на војната)“.

После сето ова останува дилемата зашто требало таа да се убие на ваков начин. Па, една претпоставка е дека   подметнатата бомба под нејзиниот скап џип, не била за неа, туку била наменета за таткото.

Сурово казнување на Дугин

Станува збор за  човекот кој со своето дејствување има извршено силно влијание врз милитаризацијата на руското општество. Основа за ваквата претпоставка е  затоа што од возилото на ќерката излегол во последен момент.

Другата претпоставка е дека целта на атентатот била тој, сепак, да остане жив, но сурово да биде казнет – со убиството на неговата омилена ќерка- и тоа пред неговите очи.

Во меѓувреме, продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу Москва и Киев за тоа кој стои зад атентатот и кој е одговорен за убиството на Дараја Дугина- во моментите додека таткото Александар, немоќно гледал како таа гине во експлозијата и пожарот на уништеното возило.

Обвинување за Украинците

Уште веднаш по атентатот, сепаратистите од Донбас се огласија со обвинување дека зад „злосторството во Москва“ стои Украина. Од Киев веднаш реагираше лично Зеленски, отфрлајќи ги обвинувањата за украинска вмешаност.

Од Москва, потоа објавија дека безбедносните служби ја завршиле истрагата и утврдиле дека „виновна е тајната служба на Украина“.

Брзо беше направена приказна за Украинка која пред атентатот се сместила во куќата во која живеела и Дугина,  дека користела возило „Мини Купер“ на кое постојано им ги менувала регистарските  таблички , а дека веднаш по атентатот побегнала- во Естонија.

Земјата на која Русија е настрвена откако таа стана членка на НАТО и на ЕУ- иако тоа ( на времето)  се направи со знаење и согласност на Москва.

„Нацистите“ од Азов и Естонија

Обвинувањата од руската страна, се проширија и на единицата „Азов“ која  Кремљ од пред инвазијата ја означува како „нацистичка“ и „терористичка“ група, тврдејќи дека атентатот е извршен како одмазда за поразот кај Мариупол.

И од „Азов“ стигна демант дека Москва е предалеку за да се одмаздуваат, уште и врз една млада новинарка , без разлика што таа повикуваше на војна и насилство.

Естонја, од своја страна, иако е соочена со заканата да и се случи она што и се случува на Украина, обвинувањата од Москва грубо ги означи како „уште една руска провокација“ . Објаснувајќи , притоа, дека атентаторот на Дугина не влегол и не се крие на естонска триторија.

Прашањата на „Агентство“

Од Русија, меѓутоа,  нема некоја различна реакција од онаа на Кремљ и на власта.

Сите прокремљовски медиуми и посебно телевизите кои имаат најголемо влијание во домашната јавност, се имаат нафрлено врз Киев , постојано додавајќи „нови сознанија“ за кои се верува дека им ги дотура руската тајна служба.

Најновото е дека  мајката на „атентаторката“ го препознала возилото на својата ќерка, откако руската контра-шпионажа објави фотос од еден „Мини Купер“ снимен во Киев- тврдејќи дека токму тоа е возилото на Украинката- убиец.

Но, се огласи една независна руска агенција- „Агентство“- која (единствена) постави неколку прашања во врска со атентатот во Москва, но и за Дарја и нејзиниот татко, за кои смета дека се „нејасни“ во теоријата на ФСБ.

Републиканска национална армија

Западните медиуми најмногу се заинтригирани околу едно прашање.

А, тоа е дека дури и да е така како што тврди руската тајна служба ФСБ- зашто еден убиец- жена атентатор- во една ваква опасна мисија- би го носела со себе и детето, како што тоа го тврди руската страна во својата приказна.

Пребегнатиот поранешен руски пратеник Иља Пономарјов, пак, тврди дека атентатот е дело на една малку позната тајна, руска група-Национална републиканска армија.

Тој уште тврди дека оваа група веќе има извршено низа вакви напади на руска територија, но дека за нив никој ништо нема публкувано- се до неделата, до убиството на Дугина, во Подмосковјето.

„Сепак , тоа е руско дело“

Од украинската тајна служба им возвратија на ФСБ дека „се смешни обвинувањата и дека се без секаква основа“ , порачувајќи и на Москва дека Украина „ не дејствува на ваков начин“ и дека сега земјата „ има многу поважна работа“ од ливидации на луѓе по московските улици.

Во Киев уште се тврди дека атентатот е „руско дело“. Од Украина се  потсеува дека – „ не е прв пат  Русија да направи нешто како ова со Дарја“ и дека „ има цела низа вакви убиства  на свои луѓе“.

Се тврди дека тие се изведуваат „за да се мобилизира руската јавност за војната и за нејзината подршка“ која се мисли дека полека се намалува.

Конечно, постојат безбедносни експертски проценки дека Дарја Дугина, всушност,  е жртва на започнатиот остар судир на разни руски интересни групи.

Потикнувачи и противници

Едни кои се за продолжување на војната и дури за нејзино интензивирање, а други ( од бизнис елитата) кои  бараат брзо запирање на војната, затоа што руската економија е максимално исцрпена и таа повеќе  не може да издржи во воени услови.

Се смета дека станува збор за судир меѓу подржувачите и потикнувачите на војната со нејзините  противници, во што би можело да бидат вмешани и разните тајни служби кои и самите  веќе се поделени околу војната во Украина.

Во такви услови, Александар Дугин е вистинскиот виновник за да биде сурово казнет за злостортвото што го има направено.

За потикнувањето и за агитирањето на  војната, која досега има однесено илјадници жртви н двете страни и која ја има унакажено Украина , за која Дугин смета дека не треба да ја има- затоа што тоа е „руска земја“.

(С.Г.)

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе