Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Хрватска ќе ја блокира Србија за ЕУ

Bogdan Giuşcă, Croatia EU flags, CC BY-SA 3.0

Хрватска ќе ја блокира Србија за ЕУ

Официјален Загреб се закани дека Хрватска ќе „влијае на текот на преговорите“ со Брисел и ќе го блокира патот на Србија кон ЕУ, откако Апелациониот суд во Белград го потврди обвинувањето на српските правосудни власти против четворица хрватски пилоти.

Станува збор за обвинување за (наводно) извршено воено злосторство, во август 1995 година, во рамките на операцијата „Олуја“ на хрватските воени сили против бунтот на припадници на етничките Срби во хрватска Краина.

Инцидент од војната во 1995 година

Пилотите се обвинуваат дека ракетирале колона бегалци – инаку хрватски Срби – на Петровачкиот пат, кај Босански Петровац, што се наоѓа на територијата на БиХ.

„Хрватска го отфрла обвинувањето. Тоа е политички мотивирано, па затоа им испраќам порака на сите во Србија – свртете се најпосле кон иднината и притоа погледнете во огледало и размислете за тоа што го правите“ – изјави претседателот на хрватскиот Парламент Гордан Јандоковиќ, реагирајќи на одлуката на белградскиот Апелационен суд.

Според хрватскиот Спикер, целата оваа работа околу „военото злосторство“ е работа на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ.

„Политички мотивиран случај“

„Тој нема ништо научено од историјата, а со ваквите потези, воопшто не придонесува за подобрувањето на хрватско – српските билатерални односи“.

Јандроковиќ смета дека во моментот Србија има цела низа најразлични проблеми и со ова што сега се прави – со обвинувањето за хрватските пилоти – само настојува да го сврти вниманието на српската јавност кон други работи.

„Србија има проблеми врзани за Косово. Се соочува со барањата да се одлучи на кој страна ќе се определи – кон Русија, или кон Западот, па создава ситуација и криза во односите со Хрватска, за потребите на јавноста во Србија“ – рекол хрватскиот Спикер.

Тој повторил дека хрватската страна ќе ги заштити пилотите.

Закани од Загреб за Белград

„Ние (во Загреб) сметаме дека обвинувањата не се засноваат врз правна основ. Хрватска ќе направи се што е потребно за да ги заштити своите граѓани“ – рекол Јандроковиќ и се осврнал и на преговорите на Белград со Брисел за влез во Унијата.

„Хрватска секако ќе ги искористи овие преговори, за да и стане јасно на Србија дека не може да се однесува како што ќе и текне и дека такви работи нема да се толерираат. Доколку сакаат во ЕУ тогаш ќе мораат да се одлучат како ќе се однесуваат, но секако, ќе мора да се однесува европски. И, конечно, ќе мора да се определат дали сакаат со Русија, или со Западот“ – рекол Гордан Јандроковиќ.

Во Белград, пак, Вучиќ кој и натаму создава нова српски влада, по изборите од 4 април, за овој случај рекол „не е обвинител“, но дека е горд што некој, после 27 години „има собрано храброст“ да бара одговорност за убиените при нападот кај Босански Петровац.

„Не сум против Хрватите, но затоа сум против злосторници кои убиваат деца“ – рекол српскиот претседател, потсетувајќи дека меѓу десетината жртви им и деца и стари луѓе.

Нова билатерална криза

Правен или политички, новиот судир меѓу Белград и Загреб ќе ја одржува напната ситуацијата во регионот н Балканот.

Загреб со години одлагаше да се расчистат работите околу овој инцидент во текот на војните на територијата  на екс Југославија. Но, Белград исто така одолговлекуваше со покренувањето на прашањето, иако БиХ од порано им сугерирано да с разјасни што навистина се случило.

Тоа го прави сега, само две недели по одбележувањето на операцијата „Олуја” во Хрватска, што секогаш наидува на остра осуда на српската страна.

Наскоро судење

Белградскиот весник „Политика“ тврди дека наскоро ќе им се суди на хрватските пилоти, но еден од нив има изјавено дека никој со ништо ги нема известено за тоа.

Независни правни експерти во Загреб, настојуваат да го гледаат случајот од неговата правна, а не од политичката страна

Тие сметаат дека (правно гледно) српската страна има право да го покрене случајот, иако, засега, нема откриено дали за тоа постојат докази и какви се тие.

Меѓутоа, како што тоа право го има Србија, го има и Хрватска – врз основа на законот за универзална јурисдикција (што го имаат двете земји). Загреб, исто така, може да покрене свои правни постапки за вакви ситуации, ако тие постојат и ако смета дека тоа треба да го прави.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе