Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Црна Гора: Натпревар во излежување

Црна Гора: Натпревар во излежување

Натпревар во излежување, односно во тоа кој повеќе ќе издржи да лежи без притоа да стане, или било што друго да направи, се одржува во Никшиќ, во Црна Гора. Ваквото необично натпреварување – во неработење – е единствено во Европа.

Инаку, натпреварувањето се одржува веќе по 11 – ти пат. Ова година се имаат пријавено девет натпреварувачи од Никшиќ, од главниот град Подгорица, од Даниловград, како и од Белград во Србија. Сите тие се борат за освојување на наградата од 350 евра.

Годинава сите најавуваат соборување на постоечкиот рекорд што минатата година го има поставено една жена – од Подгорица која победила после 117 часови излежување.

Но, оваа година како да го нема минатогодишниот ентузијазам, па се јавува дека седуммина натпреварувачи веќе се повлекле, после 24 часови излежување.

Според пропозициите, кандидатите за главната награда јадат и пијат во текот на натпреварувањето, може да читаат книги, како и да користат лаптоп компјутери.

Овојпат, новина е што натпреварувачите може да донесат со себе и придружба која ќе ги бодри да издржат, на тој начин што лежат покрај нив, или едноставно седат со нив и разговараат.

Медиумите во Црна Гора велат дека еден натпреварувач ги донел со себе сопругата и сестрата. Други, пак, изјавиле дека тоа не им е потребно и дека тие, едноставно, излежувјќи се – „убаво ќе се одморат“.

Во секој случај, годинешниов победник беше определен после 60 часови излежување. Победникот Жарко Пејановиќ има изјавено дека натпреварот не бил тежок. „Не успеав ниту да се загреам“- им изјавил на новинарите.

Црногорците на овие балкански простори важат за мрзливи луѓе кои многу не сакаат да работат, па на таа тема постојат низа шеги и вицеви.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе