Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Зетот на Трамп „крт” на ФБИ?

"Jared Kushner" (CC BY-SA 2.0) by Gage Skidmore

Зетот на Трамп „крт” на ФБИ?

Од почетокот на најновата „Афера Трамп“, поврзана со недозволеното чување тајни државни документи, во приватната вила на поранешниот американски претседател и широката полициска рација на вилата „Мар – а – Лаго“ во Палм Бич на Флорида, медиумите во САД се занимаваат – колку со вината на Доналд Трамп, толку и со тоа – кој ги известил сојузните власти за документите.

Веднаш стана јасно дека тоа може да биде некој многу близок до екс претседателот и некој кој ги знае најтајните детали за неговото однесување и за неговите постапки – пред крајот на неговиот мандат. Целата работа ја засили неделникот „Њусвик“ кој прв објави дека „доверлив извор“ му ги има доставено сознанијата за тајните документи на ФБИ.

Според овој и другите медиуми, само врз основата на една таква информација, добиена од крајно доверливо лице, државниот обвинител можел да одобри рација и претрес на куќата на поранешниот шеф на државата. Нешто што досега се нема случено во поновата американска историја.

Особено, што оперативците на ФБИ точно знаеле што бараат во вилата и каде треба да бараат, па во тие рамки бил отворен и приватниот сеф на Трамп.

Кушнер прв осомничен

Првично како осомничен за „крт” на федералната полиција беше посочуван сега веќе бившиот шеф на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз. Тој е еден од оние во администрацијата на Трамп кој има прифатено да се појави како сведок во истрагата на Конгресот за обидот – со напад врз Капитол Хил – да се спречи транзицијата на власта од Трамп, на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Постапка на поранешниот претседател која се оквалификува како обид за пуч.

Меѓутоа, во потрагата по тоа кој ги има известено ФБИ и државниот обвинител за сериозното законско прекршување на Трамп – да ги земе кај себе и да ги чува дома тајни и доверливи документи – почна да се споменуваат членови од неговото најблиско семејство.

Прв на тој список се наде Џеред Кушнер, неговиот зет и сопруг на ќерката Иванка, кој беше висок советник на поранешниот претседател и специјален пратеник за Блискиот Исток.

Обвинувањата на Мери Трамп

Една друга роднина на Трамп, ќерка на неговиот најстар брат и познат психолог Мери Трамп, во едно интервју го обвинува Кушнер дека ја имал улога на „инсајдер“ на властите.

Таа го посочува зетот Кушнер, повикувајќи да се испита како тој има добиено две милијарди долари, оставајќи притоа сомнеж и врз ќерката Иванка, која исто така, беше во еден период советничка на таткото претседател и дел од владината администрација.

„Секако „кртот“ мора се бара меѓу најблиските и најдоверливите соработници, сите оние како Џаред кои и по функцијата ги знаеле најскриените тајни на бившиот претседател“ – вели Мери Трамп. При тоа, кога зборува за двете милијарди, таа мисли на инвестицијата во тој износ, што Кушнер ја има обезбедено од Фондот за јавни вложувања на Саудиска Арабија, шест месеци по завршувањето на мандатот на Трамп.

Сомнеж и врз синовите и ќерката

На зетот Кушнер, меѓутоа, посочува и поранешниот адвокат на Трамп, осомничен за направен сојузен престап Мајкл Коен кого тој го помилува, непосредно пред да ј напушти Белата куќа. Коен дури смета дека „кртот“ треба да се бара меѓу сите деца на екс претседателот кои редовно се на одмор во „Мар – а – Лаго“, а не само во сопругот на омилената ќерка Иванка.

„Дефинитивно, некој од најтесниот круг на претседателот е меѓу „доушниците“ на ФБИ. Мислам на Џаред пред се, но не би ме изненадило да е и некој од трамповите деца“ – има изјавено Коен.

Некои мислат дека тоа би можело да биде и Иванка, која инаку веќе се појави пред конгресната комисија за случувањата од 6 јануари 2020 година, на Капитол Хил при што ќерката не го бранеше таткото од обвинувањето за поттикнување на бунтот и неоснованото тврдење за „наместени претседателски избори“.

Во почетокот на февруари годинава, за прв пат се слушна дека Трамп недозволено и спротивно на сите прописи, има однесено дома, во Флорида низа државни, тајни и доверливо документи. Веднаш потоа, Националната архива потврди дека побарува од него – 15 кутии документи.

Операција без преседан

Кога документите и после тоа, не се вратени Министерството за правда и ФБИ имаат покренато постапка, а потоа и операција – без преседан – да обезбедат налог за претрес во приватната куќа на екс претседателот.

Првичната реакција на јавноста на САД беше внимателна и примена големото изненадување за – постапката на поранешниот претседател – како и за преседанот што е направен со претресот. Поддржувачите на Трамп веднаш излегоа на протест. Но работите брзо се смирија откако стана јасно дека зад рацијата и претресот стои одобрување на сојузен судија.

Адвокатите на Трамп го бранеа својот клиент дека документите биле вртени во Архивата на САД. Но, претресот покажа дека не биле сите вратени и дека добар дел од нив останале во сефот и во кабинетот на Трамп во вилата „Мар – а – Лаго“ во Палм Бич.

Самиот Трамп, првично, реагираше во својот познат кавгаџиски стил – дека ФБИ и сојузниот судија – претерале во своите овластувања. Подоцна, се сврте кон политиката, па се бранеше дека зад целиот овој случај се крие „заговорот“ – да не му се дозволи да се кандидира – по трет пат за претседател на САД.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе