Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Рехабилитација за четничкиот командант Калабиќ

Рехабилитација за четничкиот командант Калабиќ

Судот во градот Валево, во Република Србија, го рехабилитира четничкиот командант од време на Втората светска војна, Никола Калабиќ, кој беше прогласен за воен злосторник во поранешна Југославија. Во одлуката на судот се вели дека немало докази за негова вина и одговорност за сторените злосторства, за кои бил уапсен, по завршувањето на војната.

Станува збор за десетгодишен процес, што еднаш, во 2017 година, беше завршен со иста ваква пресуда. Процесот продолжи откако противниците за неговата рехабилитација и јавното обвинителство – како застапник на државата – вложија жалба.

Барањето за рехабилитација на Калабиќ ја има поднесено неговата внука, која живее во Валево, а судијата кој ја донесе одлуката во второстепената постапка е истиот кој и пред пет години, оцени дека овој четнички воен старешина, чие име е познато на екс ЈУ простори, по сторените злосторства, пред се, во Србија, не е виновен за она за што бил уапсен и суден.

Операции за „чистење на теренот“

Никола Калабиќ, пред Втората светска војна познат само како локален геометар, веднаш по распадот на кралството Југославија, му се приклучува на четничкото движење – прво во паравоените единици на Коста Пеќанац, а потоа на Дража Михајловиќ, предводник на ова движење кое во текот на војната соработува со нацистичките окупатори, под изговор дека се бори против комунизмот.

Калабиќ брзо напредува во четничката хиерархија, па станува командант на Рамногорската кралска гарда, која според српските историчари била една од најзлогласните четнички единици во текот на војната.

Неговите потомци и оние кои го бранат, тврдат дека нема докази за вина на рехабилитираниот четник, дека бил дел од крвавите операции за „чистење на теренот од комунистите“, но и од антифашистите, воопшто, како и за ликвидациите на обични, невини луѓе. „Вината “ на сите нив била што се бореле против четништвото, или не сакала да му се приклучат.

Историчарите, меѓутоа, инсистираат дека не е точно дека нема докази за злосторствата на Калабиќ.

Докази за вина, сепак, постојат

Според историчарката Јелена Ѓурѓеновиќ во Србија има и докази, а постојат и документи, како и бројна преписка од време на војната, од која може да се види и да се утврди одговорноста на Калабиќ за бројни ликвидации на левичари и комунисти, како и за спроведувањето терор врз населението и за масовни грабежи.

Најголем дел од ликвидираните биле убиени со нож и во таквите колежи страдало и цивилното население во Србија.

Постои и писмо од анонимен офицер на единиците на Дража Михајловиќ во кое тој има напишано дека 50 отсто од убиените и масакрираните лица, од страна на единицата на Калабиќ, биле сосема невини луѓе, а дека сосема лажно – како непријатели – се прикажани партизаните.

Оваа историчарка уште во 2017 година има изјавено за некои белградски весници дека (изгледа) за судот во Валево – убивањето на комунистите – се претставува како легитимно злосторство!

Одраз на состојбите во општеството

Никола Калабиќ е откриени уапсен од безбедносните сили на тогашна Југославија, во декември 1945 година, додека се подготвувал да побегне некаде во странство. Но и денес на се знаат околностите за неговата смрт. Долго бил третиран како исчезнат, се до 2010 година кога официјално бил прогласен за мртов.

Неговата рехабилитација, се смета, дека е одраз на состојбите во српското општество. Но, доаѓа и во време кога во соседна Република Хрватска, како и секоја година, триумфалистички се одбележува годишнината на хрватската операција „Олуја“ во тамошна Краина.

Во хрватската јавност операцијата се означува како победа за конечното ослободување на Хрватска, по распадот на поранешната заедничка сојузна држава.

Во српската јавност, пак, операцијата која Белград ја означува како “ етничко чистење на етничките Срби во тој дел од Хрватска“, често пати се прикажува и како „усташка“ операција, споредувајќи ја со злосторствата (кон Србите) во време на постоењето на квислиншката држава НДХ, во текот на Втората светска војна.

Дисквалификации меѓу Белград и Загреб

Во националистичките српски кругови, па дури и од луѓе во власта во Белград, секоја постапка на официјален Загреб, што на српската страна не и се допаѓа, или се оценува како антисрпска, се означува како „усташтво”, па дури и целиот народ се дисквалификува на овој начин.

Неодамна еден српски пратеник јавно се заложи за тоа Србија да изврши „денацификација“ – во соседството – (по углед на путиновата во Украина), при што како непријатели беа наброени „усташите, балистите и ханџаровците (во Босна)“.

Од Хрватска, меѓутоа, се одговара на сличен начин.

Секој облик на изразување на српскиот национализам, посебно ако се однесува кон Хрватска, се квалификува како „четништво“, при што оние најзаплени хрватски националисти – сите Срби знаат да ги дисквалификуваат како „четници“. Иако, тоа не го прават и официјални личности од власта, ова требало да биде „вратка на Загреб” за дисквалификувањето на сегашна Хрватска со усташтвото од пред повеќе од 75 години.

(С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе