Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Волмарт“ со најголем приход во светот

depositphotos.com

„Волмарт“ со најголем приход во светот

Американската трговска компанија „Волмарт“- девети пат по ред- е прогласена за компанија со најголем приход во светот, во традиционалното рангирање што од 1995 година, го прави  списанието Форчан (Fortune) .

На листата се наоѓаат 500 компании кои се рангирани според  направените приходи и оние кои се означени како најпрофитабилни. Во овој сегмент на истражувањето на спсанието , како најпрофитна е рангирана саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ која има остварено заработувачка од 105 милијарди долари. „Арамко“ инаку според приходите се наоѓа на шестото место на листата на Форчан.

Опоравување по пандемијата

Според редакцијата на весникот, во текот на минатата 2021 година, сите светски компании- било големи, или мали- се имаат соочено со пад на своте приходи поради финанасиските проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот. Оваа година, компаниите се соочуваат со нови, дополнителни проблеми, како што се инфлацијата и стравот од рецесија и руската агресија врз Украина.

Уредникот на списанието Скот де Карло има речено дека- „опоравувањето од големите стравови што ги создаде пандемијата, се претвори во моќен ветер што им дува во грбот на најголемите светски компании- практично- сите  кои ја предводат листата на рангираните“.

„Вкупната продажба во фискалната 2021 година и остварената добивка имаат достигнато рекордно ниво„- рекол Де Карло. Главната уредничка на спосанието, Алисон Шонтел , меѓутоа, предупредува на предизвиците кои претстојат, затоа што тие може да го забават одот и растот на светската економија.

Десете најголеми

На листата на првите десет светски компании според остварениот приход – прва е „Волмарт (САД) , втора е „Амазон“ ( САД) , трета Стејт Грид (Кина) , четврта Чајна Нешенел Петролеум (Кина), додека на петото место е уште една кинеска компанија „Синопек“.

На шестата позиција е „Арамко“ (Саудиска Арабија),  седма е „Ејпл“ (САД), осмо рангирана е „Фолксваген„ (Германија) , девета е Чајна Стејт Констракшн Инџинеринг (Кина) и како деста е ЦВС- Хелт (САД).

Вкупниот комбиниран приход на компаниите кои се наоѓаат на листата на 500 најголеми на Форчан е зголемен за 19 отсто во однос на претходната година и изнесува 37, 8 билони долари. Тоа е еднакво на една третина од глобалниот Бруто национален приход (БНП) .

Кумулативниот профит, пак, е поголем за 88 отсто и изнесува рекордни 3,1 билиони долари. Во сите овие компании се вработени, без малку, 70 милиони лица низ целиот свет.

Неизвесна 2022 година

Никој ништо не може (а и не сака) да прогнозира за тоа како би изгледало рангирањето следната година.

Но, „Волмарт“ веќе навести дека ќе биде тешко да се остварат постигањата што ја истуркаа компанијата да остане на првото место. Во јули компанијаѕта има регистрирано пад на акциите, откако „Волмарт“ призна дека ќе има пониска добивка до крајот на 2022 година, поради инфлацијата.

Тоа се очекува да се случи и со кинеските компании , кое може да зависи не само од глобалната економска ситуација, туку и од политичките состојби во кои се има инволвирано Кина, сега уште дополнети со непотребното создавање тензија околу Тајван. Уште повеќе што Кина веќе има признаено дека не ќе може да се продолжи со досегашното темпо на раст.

 

 

 

 

.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе