Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Евросонг 2023 преселен во Британија

karnizz/Depositphotos.com

Евросонг 2023 преселен во Британија

Евросонгот во 2023 година, наместо во Украина, дефинитивно се пресели во Велика Британија – од безбедносни причини – поради војната која Русија ја наметна по инвазијата врз украинската територија, за која – како што сега стојат работите – не се знае до кога би можела да трае.

Организаторите на популарната Песна на Евровизија – Европската радиодифузна унија (ЕБУ) – соопшти дека промената на домаќинот на Евросонг следната година, е направена откако е утврдено дека не постојат никакви услови ова музичко натпреварување да се одржи во Украина, во Киев, земјата која на годинешново натпреварување, што се одржа во Торино, во Италија, уверливо победи.

Во трка – 13 градови

Британија во Торино го освои второто место, па според пропозициите, второпласираната земја, прва добива понуда од ЕБУ да ја замени земјата победник, доколку таа од било која причина не може да го организира Евросонг.

После преговорите што се водеа меѓу Европската дифузија и Би – Би – Си, Британците прифатија да ја преземат организацијата, а за град домаќин на Песната на Евровизија се имаат најавено дури 13 британски градови.

Засега, Лондон, Манчестер и Шефилд најавија дека ќе ја понудат својата кандидатура за да ги угостат пејачите и музичарите од Евросонг – 2023. Други 12 градови – Лидс, Ливерпул, Њукастл, Бирмингем, Абердин (Шкотска) и Брајтон, како и Бристол, Белфаст (Северна Ирска) и Кардиф (Велс), соопштија дека “ја испитуваат можноста за кандидатура.

Шкотската прва министерка Никола Старџен, но и победничката на Евровизија во 1969 година Лулу, која е Шкотланѓанка по потекло, пак, од своја страна, го предлагаат за домаќин – Глазгов, најголемиот град во Шкотска.

Киев ја прифаќа одлуката

На почетокот од летото кога ЕБУ за прв пат најави дека „не верува во способноста на Киев да прави музички фестивал од вакви размери, каква што е песната на Евровијза“ – поради војната и воените услови – Украина остро се спротивстави.

Киев вложи и официјален приговор, уверувајќи дека главниот украински град и покрај се, би можел да биде домаќин, а британскиот премиер тогаш силно ги подржа. Но, сега украинскиот јавен РТВ сервис признава дека тоа е невозможно, а е и небезбедно, па го подржа решението – Евросонг да се пресели во Британија.

Според лондонските медиуми, за ова телефонски разговарале и премиерот на заминување Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе