Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Стив Банон осуден за непочитување на Конгресот

"Steve Bannon" (CC BY-SA 2.0) by Gage Skidmore

Стив Банон осуден за непочитување на Конгресот

Стив Банон, главниот идеолог и советник за стратегија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е осуден од поротата за непочитување на Конгресот на САД, затоа што го има одбиено повикот на Комисијата која го истражува нападот врз Капитол во Вашингтон од 6 јануари 2021 година, од разулавената толпа расисти и ултрадесничари.

Едногласно и само после три часови заседание, поротата го прогласи за виновен Банон (68), затоа што не само што има одбиено да се појави на конгресните сослушувања, туку има одбиено да и ги предаде на Комисијата документите што таа ги има побарано во врска со поддржувачите на Трамп кои со упадот во зградата на Конгресот сакаа да ги поништат изборните резултати.

Секоја точка од обвинувањето може да му донесе на Банон затворска казна од 30 денови до една година и парична казна до 100 илјади долари.

Правење „Црна алијанса“ во Европа

Банон во 2016 година, кога Трамп стана претседател на САД, важеше за главниот идеолог на тврдата американска ултра – десница чија политика успеа да му ја пренесе на штотуку избраниот нов, популистичкиот претседател.

Трамп не сокриваше дека е наклонет кон владеење со „цврста рака“, сосема спротивно на темелните вредности на американската демократија и со авторитизам. Тоа го покажуваше владеејќи главно со претседателски укази и воодушевувајќи се рускиот автократот Владимир Путин и со севернокорејскиот диктатор.

Откако во 2017 година се повлече од Белата куќа и ја напушти советничката функција, Банон тргна на пат во Европа, за да создава крајно – десничарска “Црна алијанса“ која требеше да ја преземе контролата на европската политика, наспроти либерализмот и вистинската демократија – темелните вредности на европското интегрирање и на ЕУ.

За таа цел Банон се сретна со италијанскиот ултрадесничар Матео Салвини, со Марин Ле Пен во Франција, со исто таквите идеолошки деструктивни партии во Холандија и северот на Европа, но и со унгарскиот десничар, националист и популист Виктор Орбан.

Прва пресуда по 50 години

Не успеа во намерата да прави „Црна алијанса“, па се врати во САД, продавајќи го десничарењето, расизмот, нетрпеливоста кон неамериканците и тврдиот конзервативизам, во американската јавност. Успеа да ги обнови односите со Трамп, одбивајќи да соработува со Конгресот, по нападот врз демократијата во случајот со Капитол, што во демократскиот дел од САД се означува како – обид за пуч.

Осудувањето на Стив Банон е прв успех на американското обвинителство, во случај за непочитување на Конгресот, после 1974 година.

Тогаш еден судија го осуди Гордон Лиди, еден од актерите во аферата Вотергејт, која го предизвика соборувањето од власт на претседателот Ричард Никсон, затоа што исто така не ги почитуваше барањата на тогашната конгресна комисија да се појави како сведок во истрагата.

На судењето Бенон се бранел дека станува збор за политички мотивиран процес и го има дисквалификувано главниот сведок на обвинителството како „политички мотивиран демократ – поврзан со обвинителот“.

„Најцрниот ден за Америка“

Ваквата одбрана, сепак, не помина кај поротата (четири жени и осуммина мажи).

Обвинителката во оваа прилика го оквалификува она што се случуваше на 6 јануари, пред очите на целиот свет, како „најцрниот ден за Америка“, отфрлајќи го како срамно тврдењето дека целиот процес има само политичка заднина – нешто што инаку и натаму го прави и самиот Трамп.

Во својот стил, Трамп продолжува со политиката, исполнета со реваншизам и одмазда – без секаква основа – затоа што беше уверливо поразен на изборите во 2020 година. Но, уште минатата година тој побара од сите свои поранешни советници и соработници да не сведочат и да не соработуваат со конгресната Комисија. За Трамп целата истрага била само за да нему му се напакости.

Но, покрај Банон обвинет е уште еден трампов советник (Питер Наваро). Поранешниот шеф на кабинетот на бившиот претседател, Марк Медоус, меѓутоа, нема кривично да се прогонува, затоа што делови од своите белешки и комуникацијата им ја има предадено на членовите на Комисијата на Конгресот.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе