Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пијан пилот слетал на автопат

moonlight/Depositphotos.com

Пијан пилот слетал на автопат

Пилот под силно дејство на алкохол слетал со својот мал авион на еден автопат, близу до градот Канзас Сити во американската сојузна држава Мисури.

Локалните медиуми пишуваат дека пилотот, веројатно, го промашил коридорот за слетување за аеродромот, па наместо на тамошната писта, морал да е спушти на патот. Претходно, на земската контрола на летањето им соопштил дека останал без гориво и дека мора присилно да атерира.

Полицијата, меѓутоа, веднаш го уапсила – за пилотирање во пијана состојба и за загрозување на патниот сообраќај.

При слетувањето, авионот удрил во оградата покрај автопатот, поради што леталото е оштетено, а пилотот бил повреден. Неговите повреди, сепак, биле од полесна природа, па полицијата сочекала лекарите да му ги преврзат раните и веднаш потоа го одвеле во затвор.

Среќна околност е дека слетувањето на автопатот се случило во 02,30 часот по полноќ, кога патот бил пуст, без возила, па во оваа необична сообраќајна незгода нема други повредени.

Претставник на полицијата во Канзас Сити рекол добро е што пијаниот пилот не предизвика некоја поголема несреќа со своето неодговорно однесување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе