Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Ивана Трамп жртва на несреќен случај

Sharpshooter/Depositphotos.com

Ивана Трамп жртва на несреќен случај

Ивана Трамп (73), првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и мајка на неговите три деца (Доналд Јуниор, Иванка и Ерик), загинала во несреќен случај – заклучи коронерската истрага за инцидентот.

Ивана била најдена мртва покрај скалите во куќата во која живеела, а истрагата утврди дека причината за смртта се внатрешните повреди по телото, како последица на падот. За полицијата, затоа,  станува збор за несреќа и за трагичен инцидент  во кој никој друг не бил вмешан.

Петнаесет години со Трамп

Смртта на поранешната госпоѓа Трамп предизвика невообичаено голем публицитет во САД, но и низ светот, не само затоа што станува збор за бившата жена на бившиот претседател на Америка, туку и поради нејзината личност и врската и бракот со младиот американски бизнисмен.

Ивана е родена во поранешна Чехословачка, држава која сега не постои затоа што се распадна по падот на комунизмот на Истокот од Европа, на две нови држави – на Чешка и Словачка.

Со Трамп се има омажено во 1977 година, веќе позната како успешна спортистка, манекенка и фото – модел. Во брак беа 15 години, до пред крајот на 1992 година кога се разведоа.

Дел од џет – сетот на Њујорк

Во годините додека беа во брак, беа познати лица на општествениот живот во Њујорк, во осумдесеттите и деведесеттите години на 20 век – таа со својата атрактивност, а тој како бизнисмен кој брзо се искачува кон врвот.

По разводот Ивана остана да биде лице кое често се појавува во медиумите, особено откако и таа се одлучи да се вклучи во светот на бизнисот – со женски козметички препарати, со облека и линија за изработување накит.

Во првата реакција на веста за смртта на Ивана, бившиот претседател на САД се огласи на својата социјална мрежа со сочувство, истакнувајќи ја нејзината улога на сопруга и мајка.

Во брак за државјанство

Во својата мемоарска книга, меѓутоа, таа открива дека по разводот се пробивала сама. За  да почне бизнис морала да зајми пари и да земе кредит од банка – затоа што екс сопругот не е и помогнал.

Таа открива и дека сосема сама ги има подигнато трите деца – се до нивното заминување во колеџ.

Ивана Трамп беше четири пати мажена. Прв пат како спортистка од Чехословачка со својот австриски тренер по скијање – само за да добие австриско државјанство и за да не може да побегне од комунистичка Чехословачка на Западот.

Префрлање на Западот

На неколку пати подоцна, а последен пат додека Трамп беше претседател на САД, медиумите го отвораа прашањето за префрлањето на Ивана на Западот.

За тоа се вели дека го има остварено многу полесно отколку многу други познати имиња од Чехословачка и од земјите од Истокот кои бегаа од комунизмот.

Како  пример често се посочува случајот со една Мартина Навратилова, една од најголемите светски тенисерки, која емигрираше во Америка.

Некои медиуми се уште тврдат дека Ивана била пуштена лесно да замине од својата поранешна земја, откако прифатила да работи за тајната служба на тогашна ЧССР, но и за советската КГБ.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе