Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Бил Гејтс се откажува од богатството

"bill gates" (CC BY 2.0) by Sebastian Vital

Бил Гејтс се откажува од богатството

Соосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс (66) објави дека се откажува од големото богатство со кое располага, по што очекува да биде исклучен од листата на најбогатите луѓе во светот.

Гејтс претходно објави дека донира 20 милијарди долари во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ објаснувајќи го тоа како обврска – своето богатство да му го врати на општеството.

Тој е рангиран како четврти меѓу најбогатите во светот и уште во 2010 година има најавено дека на крајот од кариерата – целото свое богатство ќе го подари за хуманитарни цели. Но, излезе дека побрзо заработува отколку што троши, па од тогаш – во изминтите 12 години – богатството му е двојно поголемо.

Според листата на „Форбс“ Гејтс сега „тежи“ 118 милијарди долари проценува дека по префрлањето на дваесетте милијарди на фондација, што со поранешната сопруга ја има создадено во 2000 година, тој ќе се најде на позиција на богаташи под 100 милијарди.

Фондацијата сега располага со шест милијарди долари и најавува дека во 2026 година таа ќе троши девет милијарди. – со намера да помага во борбата против разните пандемии, против климатските промени и за кризата во Украина.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ е вклучена во бројни аранжмани и проекти. Сега таа е ангажирана во искоренувањето на болести, каква што е маларијата, но и за унапредување на образованието и на условите аа школството, како и за обезбедување вода за пиење – таму каде тоа е потребно.

Од создавањето пред 22 години, па до сега Фондацијата има примено 39 милијарди долари.

Фондацијата на Гејтс – директно и преку други форми – важи за најголемата приватна хуманитарна и добротворна организација во светот. Тој е вториот најголем донатор на Светската здравствена организација (СЗО) веднаш после САД.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе