Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Маск го раскинува договорот со Твитер

James Duncan Davidson Copyright: CC BY-NC 3.0

Маск го раскинува договорот со Твитер

Американскиот милијардер Илон Маск, извршен директор на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, објави дека го раскинува својот договор со Твитер, откако во април годинава објави дека ја купува оваа социјална мрежа за 44 милијарди долари.

Работите околу оваа зделка од самиот почеток беа во криза. За тоа зборуваше самиот Маск уште во мај, па сега за повлекувањето од договорот го обвинува Твитер, тврдејќи дека „другата страна“ во зделката има направено „материјални прекршувања на низа одредби од договорот“.

Според американските медиуми, како сега стојат работите ова значи крај на „сагата која се одвиваше во стилот – сакам, не сакам“ што контроверзниот милијардер ја има создадено во изминатите месеци.

Пад на акциите

На почетокот, триумфалистички објави дека го купил Твитер.

Веднаш потоа, влезе во судир со вработените во компанијата, најавувајќи дека ќе има бројни отпуштања на вработени, затоа што ги имало премногу. Во исто време зделката ја исполитизира, порачувајќи дека одлучил да стане републиканец, дека ја подржува Републиканската партија и дека веднаш ќе ја укине забраната што Твитер му ја определи на Доналд Трамп, уште додека беше претседател на САД.

Набргу потоа, Маск соопшти дека целата зделка ја става на „стенд – бај“ позиција и во фаза на исчекување, се додека Твитер, со чие раководство веќе беше во кавга, не докаже дека т.н. спам роботи не се помалку од 5 отсто од вкупниот број корисници на оваа социјална мрежа.

Соопштението на купувачот, за повлекување од купопродажниот договор веднаш предизвика пад на вредноста на акциите на Твитер за 7 отсто.

Меѓусебни обвинувања

Падот на акциите го предизвика и спорот што адвокатите на Маск го покренаа, обвинувајќи ја компанијата која управува со социјалната мрежа дека уште од почетокот на мај нема одговорено на сите барања што купувачот ги има поставено за реализација на зделката – а, пред се, бројката на лажните постови кои ги има на Твитер.

Адвокатскиот тим на Илон Маск тврди дека ниту едно од барањата на купувачот не биле исполнети, па затоа тој се повлекува од зделката.

Американски правни експерти, меѓутоа, изјавуваат дека откажувањето од договорот, како што тоа го најавува сопственикот на „Тесла“ не е така едноставно, затоа што постојат низа работи кои мора да се испочитуваат, а кој Маска настојува да ги заобиколи, па затоа најавуваат дека претстои долг и тежок правен процес околу купувањето, па откажувањето од договорот.

При неговото склучување, двете страни се имаат согласено купувачот да плати за секоја акција на Твитер по 54,20 долари, или вкупно 44 милијарди.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе