Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Блатер и Платини не сториле измама

hrabar/depositphotos.com

Блатер и Платини не сториле измама

Поранешниот долгогодишен претседател на ФИФА Сеп Блатер и неговиот заменик, а претходно шеф на УЕФА Мишел Платини се ослободени од обвинувањето дека имаат направено измама- пресуди судот во Швајцарија.

Двајцата беа обвинети дека ја измамиле светската фудбалска организација , кога Блатер му платил на Платини два милиони швајцарски франци- за извршена хонорарна работа, пред поранешната ѕвезда на францускиот фудбал да стане спортски функционер. Поради ваквото обвинување , ФИФА  во 2015 година ги казни и обајцата со трајно исклучување од фудбалот.

Во обвинувањето кое доби голем публицитет во светот, особено што се совпадна со откриените корупциски афери во ФИФА, околу определувањето кој ќе биде организатор на светско првенство, Блатер беше обвинуван затоа што му платил на Платини за хонорарна работа како советник на претседателот на ФИФА.

Договорот бил направен кога Блатер прв пат беше избран за претседател во 1998 година. Во 2002 година, Платини престанал да ја обавува таа хонорарна функција, но ислатата на хонорарот се развлекла , поради несогласувањето околу висината, се до 2010 година.

Во текот на единаесетдневното судење, Блатер кој сега има 86 години има изјавено дека тој побарал од Платини (67) да му биде советник и за тоа бил направен договор. По него бил исплатен и хонорарот. И тој и поранешниот фудбалер, еден од најдобрите во Франција и Европа, тврдеа дека немаат прекршено никаков закон и дека не се виновни.

„Виновен сум во живот за низа работи, но во овој случај сум невин. Нема никаква измама“- има речено Сеп Блатер по изрекувањето на ослободителната пресуда.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе