Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Новинарката Пономаренко пратена во Сибир – на лекување

Hasenonkel

Новинарката Пономаренко пратена во Сибир – на лекување

Руската новинарка Марија Пономаренко, со одлука на властите е префрлена во Сибир, во една тамошна психијатриска болница- на лекување!

Нејзиниот адвокат кој ја има пренесено оваа информација, не соопштува за каква болест станува збор и зашто било потребно  од Санкт Петербург,  да се префрлува со илјади километри подалеку – во Сибир. Познато е само дека Пономаренко  , во април годинава,  неполни два месеци по руската инвазија врз Украина, била уапсена.

Обвинета е дека на социјалните мрежи објавувала текстови во кои (наводно) се „навредувала и се дискредитирала“ руската војска, како и дека објавувала текстови за војната, што државната пропаганда ги има означено како „анти-руски“.

Психијатриски третман

За таквото свое однесување, од затворот во својот град, таа е префрлена во регионот на Алтај, далеку на Истокот од Русија, во тамошната психијатриска клиника. Наводно треба да остане на „посматрање“ еден месец, но сите оние кои ги познаваат руските казнени методи, стравуваат дека на „лекување“ – по казна- може да  остане многу подолго.

Новинарката која е мајка на две мали деца, прво биле префрлена за да живее – во изгнанство- во градот Барнаул, во алтајската област. на крајот од јуни. Сега е испратена на психијатриско посматрање.

И едниот метод- изгнанството- како и другиот- наместо, во затворска ќелија, да се престојува во психијатриска болница , без разлика што за тоа нема потреба – е стар и добро испробан метод  во руската и во советската пракса. Како во царистичко време, на империјана Русија, така и во времето на комунизмот и на СССР, кога уапсените и осудените дисиденти, беа испраќани во Сибир- на лекување.

„Виновна“ за текст за Мариупол

Руски хуманитарни активисти изјавиле за странски новинари дека на Пономаренко и е забрането да прима било каква пошта, или да се среќава со роднини. Единствено со кого може да се се сретне и да разговара се нејзините адвокати.

Таа сега се соочува со затворска казна од десет години, затоа што објавила текст и приказ за руското злосторство во Мариупол, поврзано со бомбардирањето на градскиот театар во кои се беа сокриле локални граѓани, бегајќи од руските војници. Во бруталниот напад, колку што се знае, беа убиени стотина цивили.

Владимир Путин, уште во март, потпиша закон со кој строго се казнува секое ширење „ лажни вести“ , или извештаи со кои се „дискредитира руската војска“. Не  смее да се зборува за војна, туку за „воена интервенција“ и не смее  да се пишува за руските операции во кои има разурнувања и убиени цивили.

Дозволено е за сите такви злосторства да се обвинуваат Украинците и Западот. Така се однесува  службената руска пропаганда, а така информираат сите руски медиуми кои и онака се под контролата на Кремљ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе