Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Авион летал 14 часови со дупка на трупот

Senohrabek/Depositphotos.com

Авион летал 14 часови со дупка на трупот

Патнички авион на компанијата „Емирати“ летал 14 часови со дупка на страничниот дел од трупот на леталото и безбедно слетал на аеродромот во Бризбејн, во Австралија.

Инцидентот се случил на 1 јули, на авионот „Ербас А-380“ кој полетал од Дубаи, откако пилотите, набргу по полетувањето, откриле дека имаат сериозен прблем со авионот, но сепак, се одлучиле да го продолжат долгиот лет кон источниот австралиски брег. Пилотската посада го пријавиле случајот дури кога стигнале во Бризбејн.

Патниците подоцна признале дека , исто така,  слушнале  нешто што наликува на експлозија ,  уште додека летанале од Дубаи, но и подоцна, додека авионот бил над Индискиот океан, пред да го достигне западниот брег на Австралија. Сето тоа, предизвикало вознемреност и мала паника кај дел од луѓето  кој патувале..

По слетувањето, се разбрало дека авионската компанија се одлучила, наместо да се врати авионот во Дубаи, да го продолжи патот до последната дестинација, откако се консултирале и со производителот на авионот и со Контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот во Бризбејн.

Како причина за создавањето на дупката на трупот од авионот се посочува „можната експлозија на една ид авионските гуми, веднаш по полетувањето“.

Во секој случај, на аеродромот во Бризбејн била прогласена тревога- пишуваат локалните весници. Возила на Брза помош и бројни противпожарни екипи го чекале авионот за да евентуално интервенираат, а велат, сите биле вчудоневидени кога виделе колава е голема дупката со која „Ербасот“ долетал дури до Бризбејн.

Истрагата што веднаш била направен открила ште еден дефект на леталото- одлабавен штраф на „носот“ од авионот, што веројатно е причина за „чудниот звук“ што го слушале патниците, но нема ништо за тоа дали двата инцидента на некој нечин се поврзани.

Нема повредени меѓу патниците на  летот Дубаи-Бризбејн, а ниту еден од нив нема побарано лекарска помош, по слетувањето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе