Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Газпром: Испораката на гас помала за 40 отсто

Robson90/Depositphotos.com

Газпром: Испораката на гас помала за 40 отсто

Главната руска компанија за извоз на гас од Русија – Газпром – призна дека испораката на оваа енергетска суровина кон гасоводите кон Европа, оваа година, ќе биде помала за најмалку 40 отсто.

Причина за тоа се војната во Украина и санкциите што Западот ги воведе како одговор на руската агресија, а особено решението да се намали и постепено да се прекине зависноста на Европа од рускиот гас (и нафта), откако војната ги потврди стравувањата дека Москва ќе ги користи гасот н нафтата за уценување на корисниците.

Потоа уследија и контра санкциите на руската страна која одлучи да го казнува Западот, наложувајќи им на земјите купувачи, гасот да го плаќаат во руски рубли, Станува збор за мерка која се однесува само кон т.н. непријателски земји, односно на оние кои на путинова Русија и имаат воведено санкции.

Поскапување и рекордна инфлација

Во меѓувреме, санкциите кон Русија го спречуваат германскиот партнер (на Газпром) фирмата „Сименс – Енерџи“ да испорачува ремонтирана опрема за гасоводите.

Германската агенција за комунална мрежа, пак, соопшти дека не мисли оти на тој начин е загрозена испораката на гас, како и дека затоа е намален протокот низ стариот гасовод „Северен поток 1”под Балтичко Море, бидејќи причината за тоа е намалувањето на испораката на рускиот гас за Данска и Холандија.

Европската Унија објави план за смалување на користењето руски гас за две третини, веќе до крајот на оваа година.

Првично, се предвидуваше целосен прекин на користењето, но таквото решение (засега) е напуштено, откако европски економски експерти предупредија дека тоа би можело да предизвика штета за европската економија, како и за потрошувачите во земјите на ЕУ.

Како и да е, војната во Украина предизвика криза и драстичен скок на цената на гасот и на нафтата, а тоа покрена рекордна инфлација од над осум отсто во еврозоната, што ја сочинуваат 19 земји на Унијата.

„Мртва инвестиција“

Признанието на Газпром доаѓа по изјавите од Кремљ дека Европа не може на долг рок да се откаже од руските суровини, како и дека западните санкции што беа воведени – „се без ефект“. Односно, дека Русија има најдено други пазари и други купувачи за своите енергенси. Во изминатите 100 денови од војната, Русија се пофали дека има продадено нафта и гас за околу 97 милијарди евра.

Вториот директен гасовод од Русија за Германија, под Балтичко Море – новоизградениот „Северен ток 2“ – меѓутоа, остана празен.

Низ него не тече гасот што требаше да обезбеди раст на испораката за Европа и зголемен профит за руската компанија, затоа што германската влада го вклучи во пакетот од европски санкции, не давајќи му ниту дозвола за работа, иако е завршен уште на почетокот од септември минатата година.

Засега, овој проект, вреден 11 милијарди евра, стои само како „мртва инвестиција“ на Газпром и на Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе