Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Појадокот овозможува долговечност

VadimVasenin/Depositphotos.com

Појадокот овозможува долговечност

Одамна е познато дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но исто така се знае дека најголем број од луѓето, особено помладите, најчесто го прескокнуваат.

Нутриционистите и лекарите, меѓутоа, инсистираат дека прескокнувањето на појадокот е погрешно и згора на се, остава последици не само на расположението во текот на денот, туку и на здравјето.

Научно е докажано дека прескокнувањето на утринскиот оброк го забавува метаболизмот. ја зголемува вкупната телесна тежина, негативно влијае врз имунолошкиот систем, а психијатрите веруваат дека придонесува и за зголемување на нивото на стресот.

„Сини зони“ со стогодишници

Ваквата оценка се илустрира со сознанијата за долговечноста на луѓето. Некои од долговечните низ светот го знаат „златното правило“ – за неотфрлање на појадокот, па многу региони во разни делови од планетата – познати како „Сини зони“ – се познати по тоа што таму живеат најмногу луѓе со стогодишна возраст. За нив е утврдено дека никогаш го немаат прескокнато појадокот.

Станува збор за области какви што се Сардинија, во Италија, па Икарија во Грција, Окинава во Јапонија или Накоја во Костарика и Лома Линда во Калифорнија, во САД.

Сите овие региони се означени како „сини зони“ – и по нив е создаден и истоимениот концепт, затоа што научниците имаат утврдено дека луѓето кои живеат во нив имаат заеднички црти во животните навики. Пред се, во врска со исхраната, потоа со движењето, вредностите и со духовниот живот.

Појадокот, при тоа, велат, е најважниот елемент, а стогодишниците во „сините зони“ не само што не го прескокнуваат и не го отфрлаат, туку уште прават тој да биде обилен и исполнет со што е можно повеќе нутрициенти.

Грешките на „современите“ луѓе

Американското специјализирано списание „American Journal of Lifestyle Medicine”, во својот истражувачки напис посочува дека еден од основните вредности што ја споделуваат луѓето кои доживеала 100 години во „сините зони“ е практикувањето најголемиот и најобилен оброк во денот да им биде појадокот, а најмалите да бидат ручекот и особено вечерата.

Утврдено е дека овој концепт на живеење е сосема спротивен од праксата на луѓето на Западот и во западниот тип општества.

Луѓето кои се сметаат себе си за современи, најчесто имаат сосема мал појадок – ако воопшто го имаат. Во него, обично, ги нема хранливите и здрави супстанци, додека пообилното јадење го оставаат за во текот на денот, или дури за навечер – што е најлошата можна навика.

Голема разлика меѓу стогодишниците и оние од „современиот“ свет има и кај она што наутро јадат едните, а што другите.

Во „сините зони“ појадокот е исполнет со разни житарки, зеленчук и овошје, се внесуваат многу протеини и антиоксиданти. Западниот тип луѓе, пак, обично на брзина, наутро земаат некое пециво од најблиската пекарница.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе