Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Зелка-гејт” во Австралија

radub85/Depositphotos.com

„Зелка-гејт” во Австралија

Во екот на глобалната криза со храната и со нејзината цена, што го загрижува светот, во богатата и економски моќна Австралија избувна “скандал“, поврзан со зелката и со еден од глобалните синџири за брза исхрана. Работите отидоа до таму што новиот премиер Ентони Албанезе, случајот го означи како „зелка – гејт“ и најави дека во текот на викендот за тоа ќе ја извести владата.

Скандалот, како што австралиските медиуми го квалификуваат случајот, настана кога компанијата КФЦ (Кентаки Фрај Чикен) во оваа земја, одлучи зелената салата, што редовно се користи во нивните сендвичи, да ја замени со „обична зелка“.

„Национална криза“!

Оправдувањето на овој голем, глобален синџир за исхрана, е состојбата со светската инфлација која не ја има одмината и Австралија, па цената на салатите имаат достигнато „астрономски височини“.

Албанезе кој брзо се вклучи во случајот, оцени дека постапката на КФЦ е „скандалозна” инсистирајќи дека никој и никаде во сендвичите не става свежа зелка во хамбургери. Уште повеќе што зелката и сендвичите на КФЦ веќе се претворија во „криза од национални размери“!

Во Австралија инфлацијата – официјално – изнесува 5,5 отсто што е висок скок за земјата и нејзината економија кои претходните кризи ги имаат сосема мирно поминато. Во домашната јавност, меѓутоа, се тврди дека реалната инфлација е многу поголема и тоа го илустрираат (меѓу другото) и со цената на салатите.

Тие се поскапени дури за 300 отсто и ваквата ситуација се врзува не само за глобалната состојба со високиот скок на цената на горивата, туку и за неодамнешните големи поплави.

Поскапување од 300 отсто

Популарната салата „ајсберг“ која до неодамна чинеше два австралиски долари, сега се продава за осум долари, односно за 5,3 евра. Ваквите цени се регистрирани на просторот меѓу двата најголеми и најскапи градови – Сиднеј и Мелбурн.

Ваквата состојба ја натера КФЦ да објави дека во своите сендвичи ќе става зелка, наместо зелена салата – за истата цена. Компанијата се брани дека претходно, 2,5 годишната пандемија и намалениот промет ги имаат исцрпено „резервите“ на компанијата и дека таа мора да го менува составот на своите сендвичи – ставајќи во нив од „евтината зелка“.

Така не мислат Австралијците кои ги имаат преплавено социјалните мрежи со гневни коментари, во стилот, дека станува збор за „луда одлука“, бидејќи „зелката не е исто што и зелената салата“.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе