Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Ги мразам – тие се копилиња и џган“

Belish/depositphotos.com

„Ги мразам – тие се копилиња и џган“

Поранешниот руски премиер и во еден мандат и претседател Дмитри Медведев, невообичаено остро, грубо и недолично за политичар кој бил на двете највисоки функции во Русија, се нафрли врз „непријателите“ на Москва – практично, продолжувајќи со одржувањето на се поголемите тензии во односите на Русија со Западот.

На седница на рускиот Совет за национална безбедност , каде Медведев е потпретседател ( Владимир Путин е претседател) , рекол : „Ги мразам.Тие се копилиња и обичен џган кои сакаат сите ние (мисли на Кремљ) да умреме. Се додека сум жив ќе правам се што можам  тие да исчезнат“.

Изигрување на Уставот

Медведев беше претседател на Русија во еден мандат, од 2008 до 2012 година. Во него Западаот за момент виде човек кој изгледаше дека е полиберален и поумерен од Путин. Особено , што овој правник по професија, никогаш не бил дел од естаблишментот на моќната советска и сега руска тајна служба КГБ ( сега преименувана во ФСБ) .

Меѓутоа, уследи едно големо разочарување кога Медведев се повлече за да му овозможи на својот политички ментор , на Владимир Путин, повторно да ја преземе  претседателската функција. Односно му овозможи на сега бескомпромисниот лидер на Русија, да го изигра и да го заобиколи Уставот кој ( во тое време) не дозволуваше трет мандат, после отслужените два, едно по друго мандати.

Путин го постави за премиер и на таа функција остана осум години, до 2020 година , кога го натера да поднесе оставка. Причината за тоа, спооред руската опозиција и путиновите неистомисленици,  беа злоупотребата на службената должност од страна на Медведев кој како премиер има насобрано големо лично богатство и недвижен имот во странство.

Враќање од „пензија“

Но, Путин не му ја заборави претходно направената услуга, па го постави на функција- до себе во Кремљ- како втор човек на Советот за национална безбедноста на Русија.

Изгледаше дека е ставен во политичка пензија, но набргу по инвазијата врз Украина и војната што Русија ја започна во своето најблиско соседство, Медведев беше вратен во руската политика.

Овој некогаш тивок политичар, неспремен веднаш да покренува кавги со „ другата страна“ , почна се почесто да се јавува во руските медиуми, со изјави во кои се пресметува со Западот- според теркот кој инаку го имаат Путин и неговите најблиски соработници во Кремљ.

Изјавата на Медведев за непријателските „копилиња“ што ќе ги прогонува додека е жив, доаѓа во време кога руски и западни медиуми објавија дека тој би можел да биде еден од кандидатите за наследник на Путин, откако сегашниот руски лидер би се повлекол – „ од здравствени причини“.

Во Москва немаше никаква реакција за ваквите предвидувања, иако покрај него се споменуваат уште две други имиња) . Но некои тамошни аналитичари проценуваат дека ваквата, за Медведев, необично груба и неумесна изјава,  му се става во уста за да се „спушти на земјата“ и да не мисли дека е сигурен наследник на Путин.

Фрустрациите во Москва

Со изјава која повеќе им приличи на еден Сергеј Лавров, или на некои од кагебеовците во Кремљ, а пред се, на Николај Петрасов, целта била и одмерениот Медведев да се стави во редот на сите другите во Кремљ. Посебно на оние кои инсистираат на поголемо заострување на односот кон Западот, поради  санкциите и  силната подршка за Украина , откривајќи ја само големата фрустрација на Москва, по изолацијата во која се најде.

Изјавата на Медведев , меѓутоа, доаѓа и после неуспешната „мисија“ на Лавров , да стигне во Белград, непочитувајќи ги и игнорирајќи ги санкциите и блокдата на ЕУ за патување на највисокиоте руски функционери.

Како изговор за пропадната визита на Србија, се најде одлуката на властите во Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора да не му се даде дозола за  прелет на службениот авион на воинствениот шеф на руската дипломатија.

Излегува дека како „непријатели“ и како „џган и копилиња“ – освен ЕУ, САД и целиот Запад“-  се ставени и овие три балкански држави кои само се придржуваа до обврските кои ги имаат преземено како членки на ЕУ, како кандидати за членки на Унијата и како дел од НАТО алијансата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе