Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Не може Украина пред Северна Македонија“

jorisvo/Depositphotos.com

„Не може Украина пред Северна Македонија“

„Погрешно е на Украина да и се вети кандидатски статус за влез во ЕУ, затоа што на тој начин Унијата ќе го загуби кредибилитетот таму каде агендата за проширување има единствена смисла – на Западен Балкан“ – тврди грчкиот политички и економски експерт Сотирис Валден.

Според него, веќе 22 години ЕУ им ветува на земјите од регионот интеграција во Европа и за тоа нема никакви посериозни геостратешки пречки. Станува збор за мали држави кои се „понапредни“ од Украина според сите критериуми потребни за напредување кон зачленувањето во ЕУ. Па, сепак, тој процес се влече со години.

„Скандалозен случај“

„Скандалозен е случајот со Северна Македонија која (со години) се држи на дистанца од Унијата, најчесто со изговорот за „измореноста од процесот на проширување“, што го протураат некои „големи земји – членки“, или од “националниот егоизам“ од други земји – членки, блокирајќи го европскиот пат на земјата.

Најновото е блокадата од Бугарија на чисто националистичка основа која трае скоро две години и која (во основа) е без било какво разумно оправдување, па затоа и се смета дека Украина не може да се најде пред Македонија на патот кон ЕУ.

Валден инсистира дека доколку на Киев би му се дало едно вакво ветување и она што Украинците го бараат од ЕУ, тогаш народите од Западен Балкан би виделе дека (сега) и една Украина ги надминува, со прекршување на сите услови кои со години ЕУ ги користи за да го одлага нивниот прием.

Погрешна одлука

А, мислењето на некои во ЕУ и посебно во Брисел дека со истуркувањето напред на Украинците, на патот за Европа, би се обезбедила неопходната силна порака (со поддршка) на Европа за Украина, за овој грчки експерт, е сосема погрешна.

Едноставно, би била мошне погрешна кон Западен Балкан и за кредибилитетот на Европската Унија.

Наместо тоа, Валден заговара веднаш да запрат војната и непријателствата, да и се даде на Украина целосна и силна поддршка во нејзините тешки преговори со Русија, да се запре сегашната реторика од времето на Студената војна и да се заврши процесот на проширување во регионот на Западен Балкан – секако со продлабочување и на процесот на европската интеграција.

Сотирис Валден кој е специјален советник на грчката Фондација за европска надворешна политика смета дека и покрај разбирањето за сегашната ситуација во која се наоѓа Украина – изложена на инвазија и на неиспровоцирана војна од страна на Русија, оваа земја е “со милји и со децении“ далеку од исполнувањето на било кој од европските критериуми за влез во ЕУ.

Засилување на конфронтацијата

Овој експерт се согласува дека на Украина и е потребна силна европска поддршка, но инсистира дека би било погрешно таа поддршка да значи давање европска перспектива на земјата, а уште многу повеќе погрешно да и се додели статус на земја – кандидат.

Тој смета дека еден ваков чекор би предизвикал само натамошно влошување на односите со Москва, особено во сегашната – како што вели – опасна фаза.

Освен тоа, Валден смета дека е илузија решавањето на украинскиот проблем да се прави со тоа што на Украина ќе и се додели статус на земја – кандидат за ЕУ, наместо низ процесот на преговори со Русија.

Овој експерт не се согласува со оние во Европа кои заговараат европска (ЕУ) перспектива за Украина, затоа што верува дека тоа значи само натамошно конфронтирање со Москва, се до моментот на нејзиниот (неизбежен) пораз.

„Авантуризам“ стратегија

Тоа на теренот ќе значи натамошни украински жртви, додека на глобален план – продлабочување на економската криза и натамошна глобализација на сегашната војна во Украина.

За Валден претставува „авантуризам“ стратегијата за некакво постојано војување со Москва.

„За Европа, руската агресивна политика и сегашниот режим во Русија, кој силно отстапува од сите европски вредности, претставуваат сериозна закана. Токму и затоа, ЕУ сака силни трансатлантски односи“ – вели грчкиот експерт.

Сотирис Валден, меѓутоа, е против тоа да се порази Русија (на меѓународен план), за да се понижи и за да се маргинализира, бидејќи и тоа, во крајна смисла, не е во европски интерес.

Уште повеќе, тоа да се направи со (провокативното) ветување на Киев за влез во ЕУ, уште и сега, во време на војната, наградувајќи ја Украина со кандидатски статус.

(А.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе