Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина еден од убијците на Литвиненко

Tatiana53/depositphotos.com

Почина еден од убијците на Литвиненко

Еден од двајцата Руси кои беа обвинети за убиството на Александар Литвиненко- поранешен оперативец на КГБ кој побегна на Запад, се насели во Британија и стана остар критичар на Кремљ, почина во Москва, на 57 годишна возраст.

Според руската агенција ТАСС, починатиот Дмитри Ковтун кој заедно со Андреј Луговој , од британскиот Скотланд Јард беа означени  како убијци на Литвиненко, умрел во една московска болница, од последиците предизвикани од Ковид-19.

Атомска бомба во телото

Литвиненко живееше во Лондон и работеше во канцеларијата на побегнатиот олигарх Борис Березовски  кој исто така почина под мистериозни околности во својот лондонски стан. Беше и британски државјанин кога на крајот од октомври 2006 година беше отруен со радиокативниот изотоп Полоним 210 , за време средбата што ја имаше во еден лондонски хотел со своите двајца поранешни колеги ( од КГБ) Луговој и Ковтин.

Во текот на средбата, која требало да биде „пријателска“ и која се случила на барање на дојдените Руси, во чајот што го пиел Литвинемо била ставена високо отровната, радиоактивна супстанца. Веднаш по средбата, само што пристигнал дома, Литвиненко побарал лекарска помош. Веднаш бил префрлен во болница, каде неполн месец подоцна почина во големи маки.

Лекарите подоцна соопштија дека во неговото тело, поради Полониумот, се случила „мала атомска експлозија“ која му ги уништила сите внатрешни органи.

Радиоактивни траги низ Лондон

Британските правосудни власти побараа од Русија да ги екстрадира осомничените убијци, но Москва тоа студено го отфрли, обвинувајќи ги британските тајни служби дека „тие го убиле Литвиненко“. Британците, меѓутоа, имаа насобрано низа сознанија и докази за Луговој и за Ковтун , кои ги поврзуваа со радиоактивноста, со полониумот и со убиството на рускиот дисидент.

Дацјцата убијци кои во Лондон допатуваа со специјалниот авион со навивачи на фудбалскиот клуб ЦСКА кој во европските купови играше со лондонски Арсенал, имаат оставено радиоактивни траги секаде каде се движеле и престојувале- од бифето на лондонскиот хотел, каде Литвиненко беше отруен, се до стадионот, на местата каде седеле и го гледале фудбалскиот натпревар.

Руските власти не само што не ги предадоа двајцата убијци , туку тогаш ( за прв пат) Кремљ покрена  пропагандна војна со Британија, со ЕУ и Западот, настојувајќи извршениот атентат врз странски државјанин, на странска територија да го прикаже како вина на домаќините, а не како државен тероризам.

Ковтун на работа во Источна Германија

Русија тогаш за прв пат беше обвинета за спонзорирање на тероризам под „државна заштита“, а убијците наместо да се сослушаат , беа наградени. Луговој кој стана пратеник на партијата Обедиета Русија на Владимир Путин и жтана жесток критичар на Западот.

Во посебна постапка, што ја има покренато семејството на Литвиненко, Европскиот суд за правда пресуди дека „Русија е одговорна за убиството “ на својот поранешен дражавјанин- остар критичар на режимот на Путин.

Дмитри Ковтун, пак, беше школуван и обучуван во специјалната воена академија во поранешен СССР. Подоцна бил префрлен во тајната служба КГБ, во специјалната единица за заштита и испратен на работа во Источна Германија. Кога  пропаднаа комунизмот и СССР, Ковтун со сопругата се префрлил во Хамбург, каде барал политички азил.

Не е познато како и зошто,  сепак, се вратил во Русија , каде Луговој му помогнал да се врати во КГБ, сега под новото име ФСБ. За обвинувањето дека е еден од убијците на Александар Литвинеко има речено дека е „фабрикувано, наместено и измислено“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе