Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Парите на олигарсите за Украина ?

Парите на олигарсите за Украина ?

Повеќе од илјада лица- на разни позиции во власта, во државата и во општеството на Русија – се под санкции од ЕУ, поради бруталната агресија на руската армија врз соседна Украина. Меѓу нив се и 30 олигарси- руски милијардери кои стекнаа големи богатства во текот на пост-комунистичката транзиција на тамошната економија.

Санкциите кои беа наметнати за да се оневозможи нивното големо богатство  да го користи  Владимир Путин за финансирање на неговата воена машинерија вклучена  во војната против Украина и Украинците, предузвикаа блокада и „замрзнување“ на имотот и средствата на олигарсите, раширено низ светот.

Само од ЕУ, досега, се „ставени во мраз“ над 10 милијарди евра нивни пари и различен имот.

Една американска финансиска студија, од 2017 година, открива дека руските милијардери- олигарси поседуваат имот  во вредност од над 800 милијарди долари што се наоѓа во Британија и Швајцарија, но и на Кипар и на другите „рајски места“ за сокривање на богатството и за избегнување плаќање данок.

„Купување излез од санкциите“

Сега, кога агресијата на Русија продолжува да се одвива со несмалена жестина , а војната навлегува во петиот месец, некои земји кои се дел од силниот западен блок што ја санкционира Русија , настојува да најде начин како да ги искористат олигарсите против режимот во Кремљ.

Една таква иницијатива- која потекнува од Канада- предвидува олигарсите да си го „купат излегувањето од санкциите“, на тој начин што самите ќе се откажат од своите стедства што се во странство, како и од парите ставени во разни фондови, за да бидат донирани за помош и за обнова на Украина.

Американската агенција Асошиетед Прес (АП) открива дека за ова се разговарало и на последната конференција на министрите за финансии на групата Г-7 , на кои канадската страна (за прв пат) ја има обелоденето својата иницијатива. На состанокот што се одржа во Германија, канадската министерка има откриено дека за оваа иницијатива веќе има разговарано и со некои од олигарсите , кои лично ги познавала од времето кога работела во Москва- како новинар дописник.

Откажување од имотот

Како и да е, целта на канадската иницијатива е олигарсите да се одделат од Путин. Тие и онака  сите му се гневни , затоа што „непотребната војна“ може да предизвика   да загубат се што поседуваат. Но, иницијативата овозможува,  средствата што се „расфрлани“ низ светот, да станат извор за финансирање. Конечно,  ваквиот систем- откажување од имотот и парите, наместо нивна конфискација- им одговара и на западните држави.

Правните прописи и законите околу конфискација на имот и пари, посебно на странски државјани, се различно уредени во секоја земја, Најмногу околу тоа кога и под какви услови тоа може да се изведе.

Во Германија, на пример, горното ниво  на износот за покренување конфискација ( и за запленување)  е мошне високо, па би можело да се случи да се дојде до по малку апсурдна ситуација-  некои судови во западниот свет да пресудуваат против сопствените држави и влади.

Ова не е прв пат да се зборува за ова, па уште во април САД покренаа разговор за тоа како да се направи систем за продажба на запленетиот имот за да се обезбедат пари за Украина. Роман Абрамович, од своја страна, има најавено чистиот приход од продажбата на тогаш се уште неговиот фудбалски клуб Челси , ќе им биде дониран на жртвите од војната во Украина.

Олигарси на Елцин и на Путин

Некои од руските олигарси имаат двојни државјанства, додека дел од нив своето богатство ги имаат направено уште во деведесетите години на 20 век, пред доаѓањето на Путин на власт- во времето на претседателот Борис Елцин.

Тогаш,  поранешните државни имоти, како железарници, челичарници, рафинерии за нафта, топилници за алуминиум, или фабрики за производство на земјоделски машини, беа купени од (тогаш) влијателни луѓе, блиски до власта ( еден од тие е и сега покојниот Борис Березовски).

Многу често, купувањето беше извршено со кредити добиени од владата на Русија, што подоцна беа препродадени на руската држава ( кога Путин стана претседател) за цени и десет пати повисоки. Пример за таквата трансакција е Абрамович кој од продавањето на „неговата“ нафтена компанија на државата, стана милијардер.

Веднаш по влегувањето во Кремљ, Путин ги има собрано сите олигарси и со нив има направено договор.

На сите им вети дека власта под негова контрола нема да им ги одзема имотите, без разлика како ги имаат стекнато, но им има постевено услов- да му бидат лојални и да им служат на руските интереси секогаш кога тоа Кремљ ќе го побара. И, создаде, систем на владеење познат како клептократија. Модел што многу помали деспоти од рускиот претседател го имаат копирано – особено во земјите од Западен Балкан.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе