Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Калуш го продаде трофејот од Евросонг

Michael Doherty, Eurovision 2022 - Semi-final 1 - Ukraine - Kalush Orchestra (02), CC BY-SA 4.0

Калуш го продаде трофејот од Евросонг

Украинската група Калуш која победи на годинешниов Евросонг, што се одржа во Торино, го продаде освоениот трофеј – на аукција – за 900 илјади долари, а добиените пари ги донираше за украинската војска – за купување ново, софистицирано оружје за војната против Русија.

Освоениот кристален микрофон бил продаден на аукција, со надавање, на Фејсбук. Со вака добиенитe пари предвидено е да биде купен беспилотниот систем ПД – 2 за војската на Украина кој вклучува три беспилотни летала, од украинско производство, како и една земска контролна станица.

Продажбата на евровизискиот трофеј се совпадна со настапат на Калуш на еден хуманитарен концерт, во Берлин, пред Бранденбуршката капија. Лидерот на бендот Олех Псиук во таа прилика ги повикал Германците, но и Европејците-  „да не се навикнат на војната во Украина, како на нешто нормално и онака, патем, да ја споменуваат“.

Руската инвазија која трае повеќе од четири месеци, досега остави десетици илјади загинати лица – меѓу кои има и многу деца. Десетина милиони Украинци, поради агресијата на Русите врз нивната земја, беа присилени да бегаат, барајќи спас од насилствата на окупаторските сили, што систематски ги уништуваат украинските градови.

Москва продолжува да се брани со будалестите објаснувања  дека својата „операција“ ја има започнато за да се одбрани од украинската „нацистичка власт“ и за да ја натера Украина на капитулација.

Всушност, станува збор за класична воена агресија на една земја, врз друга за запоседнување на нејзината територија и за анексија на освоените делови.

Русија, затоа, беше и исклучена од годинешниов Евросонг, а руските хакери кои војуваат против светот, во текот на гласањето во финалната вечер на музичкото натпреварување, се обидуваа да го изменат исходот од гласањето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе