Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Четврт век односи НАТО/Русија

borkus/Depositphotos.com

Четврт век односи НАТО/Русија

Пред 25 години, во Париз беше потпишан Основачкиот акт меѓу НАТО и Русија, што и тогаш изгледаше како ИСТОРИСКИ ОБИД дотогашната Студена војна да и се остави на историјата, но и да започне една нова ера.

Четврт век подоцна, меѓутоа, сето тоа изгледа како нешто далечно, неостварливо и дури незамисливо, со една денешна Русија – онаа која ја создаде и 22 години ја води Владимир Путин.

Приближување Исток – Запад

Домаќин на тој Самит од 27 мај 1997 година беа Париз и тогашниот претседател Жак Ширак, кој го означи тој момент како „круна на дипломатското приближување на Западот и н Истокот“.

А, тоа започна во деведесеттите години на 20 век. Прво, со паѓањето на Берлинскиот ѕид, а потоа и со падот на комунизмот во Европа и со саморастурањето на СССР.

Клучната одредба врз која се темелеше Основачкиот акт, сепак, беше дека НАТО и Русија – меѓусебно, НЕ СЕ ГЛЕДААТ КАКО НЕПРИЈАТЕЛИ.

Двете страни се спогодија дека ќе го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја и дека ќе се воздржуваат од насилство.

Тогаш беше формиран и Совет НАТО/Русија за да се изгради довербата и за да се утврдат заедничките цели – кога станува збор за вооружувањето и за борбата со тероризмот.

Раширување на Алијансата

За тогашниот германски канцелар Хелмут Кол тоа беше „крај на поделена Европа“, особено што НАТО и Русија се договорија за соработка “каква не е видена во историјата“.

Токму овој Основачки акт го отвори и патот за ширење на НАТО Алијансата на Исток (од Европа).

Набргу потоа, првите три земји – поранешни комунистички и членки на (советскиот) Варшавски пакт – Полска, Чешка и Унгарија – станаа првите кои влегоа во овој воено – политички сојуз. По нив, во НАТО се зачленија и другите од Истокот.

За да им се удоволи на барањата на Москва, САД и европските земји и ветија на Русија економска помош, како вклучување на земјата во престижната група Г – 7 на најразвиените и индустриски водечките држави во светот, па Борис Елцин, почна да присуствува на овие средби.

Одржано ветување

И, најважното од спогодувањето беше обврската на НАТО дека во новопримените земји – членки од Источна Европа, нема да стационира нуклеарно оружје, или борбени сили, како и дека во близината на руската територија нема да се градат бази на Алијансата.

Тоа му беше важно на тогашниот руски претседател Елцин, за што тој се избори.

Тоа ветување НАТО и го одржа – нема нуклеарно оружје во ниту една нова членка, а ниту беа стационирани сили на Алијансата – се до после 2014 година и тогашната руска инвазија врз Украина.

До окупирањето и анектирањето на Крим и до покренатата воена побуна во Луганск и Донецк – кои веднаш прогласија „отцепување“.

Путин наместо Елцин

Но, три годни подоцна Елцин се повлече (наводно, поради нарушено здравје) и на неговото место во Кремљ дојде нов човек – Владимир Путин.

Беше тоа кандидат без политичко искуство, без некаква функција во претходната, советската комунистичка власт, познат само како поранешен висок оперативец на советската тајна служба КГБ – кој работел и на територијата на екс Источна Германија, во Дрезден.

Се претпоставуваше дека, сепак, станува збор за човек на нова Русија, со оглед дека Елцин претходно беше еден од моќниците на некогашната советска комунистичка партија.

Излезе, меѓутоа, дека Европа го прецени, или пак, (едноставно) не сакаше да верува дека како кагебеовец, Путин е школуван и обучуван – во НАТО и во Западот да гледа непријатели.

Кремљ го погази Основачкиот акт

Тоа беше нешто сосема спротивно од она за што во мај 1997 година се договорија Русија со Елцин во Кремљ и Западот, па работите со новиот човек, почнаа да се менуваат.

Москва со Путин и неговиот тим советници во кои далеку најбројни беа припадници на сите ешалони на КГБ, сфатија дека Основачкиот акт не е меѓународно обврзувачки, политички документ, туку повеќе декларација за намерите на НАТО и на Русија.

Уште повеќе што Основачкиот акт потенцира дека е можно стационирање (на воени сили) во зависност од актуелната безбедносна ситуација.

Па, после руската војна во Чеченија, како и по агресиите на руската војска во Грузија (Абхазија и Јужна Осетија), како и во Украина пред осум години, Путин, без да трепне, ги погази сите одредби на Основачкиот акт, како и неговите цели.

Создавање криза со Западот

Во стилот на старите советски манири, Путин почна да ја обвинува другата страна (Западот) за новата и изменета ситуација, што му беше само изговор за да го прогласи НАТО за – „зло и за закана“ за Русија.

Притоа, покажувајќи дека неговата стратегија е создавање (одново) криза во односите меѓу Русија (Истокот) и Западот, за да се постигне главната цел – обнова на Советскиот Сојуз, во нешто изменет вид, но под директно руско водство.

Излезе дека „вината“ на Алијансата е што настојува да ги попречи ваквите негови планови, заштитувајќи ги земјите – членки во соседството на Русија, кога стана јасно дека путинова Русија сака одново да ги стави под своја контрола, за да изгради некаков „руски свет“.

Сега проширување кон Север

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Форумот во Давос, рече дека со агресијата врз Украина и со отворените закани, па и уцени кон Западот, кога станува збор дури и за храната на глобално ниво.

На тој начин, Русија на Путин, целосно го има напуштено словото и духот на Основачкиот акт.

Според Столтенберг, рускиот претседател сака помало и помалку НАТО на неговите граници и ослабната Алијанса. Но, сега (по нападот врз Украина) се соочува и со единствено и со побројно НАТО.

Како сега стојат работите, инвазијата врз Украина предизвика да има повеќе НАТО и на неговата граница – со пријавувањето на Финска и на Шведска – за прием во Алијансата.

Двете земји не кријат дека се исплашени за својата иднина, а тоа покажува дека европската безбедност, сепак, не може да биде диктирана со насилство и со заканување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе