Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Словенија: Ослободување од десничарењето на Јанша

BalkansCat/Depositphotos.com

Словенија: Ослободување од десничарењето на Јанша

Словенија и официјално има нов премиер – Роберт Голоб, лидер на Движењето Слобода кое е израснато од про – левичарски определената партија на тамошните Зелени.

Тој е доскорешен менаџер кој на редовните парламентарни избори, одржани на 24 април, го порази Јанез Јанша. некогашен социјалистички младински функционер и левичарски новинар, кој се претвори во ултра десничар.

Заедно со Унгарецот Виктор Орбан, Словенецот Јанша и претходно, но и во последните две години, како словенечки премиер, работеше на организирање „црна алијанса“ на европската крајна десница која требаше да се провлече од Средна Европа до Западен Балкан, се до Македонија, имајќи ги за сојузници скопските вмровци и нивниот (сега) избеган криминален лидер.

Оваа алијанса, исто така, требаше да биде основата за уредување и на една поинаква Европска Унија во која ќе бидат потиснати либералната демократија и владеењето на правото, врз чии темели е уредена ЕУ.

„Живот во понормална држава“

Во своето прво обраќање во словенечкиот Парламент, уште пред да биде потврден како нов премиер, Голоб им порача на пратениците и на јавноста во Словенија дека сака на Словенците да им даде нова надеж и подобра иднина, но и да им ја врати радоста во животот и во живеењето.

Алудирајќи на Јанша и на неговото десничарење и на изолацијата во која ја стави државата која за единствен сојузник го имаше Орбан, новиот премиер порача дека тој и неговата коалициона влада ќе ја почитуваат определбата на гласачите на изборите – да „живеат во една понормална држава“, а не во услови на „постојано стравување“, во која живее последните две години.

Претходно, уште веднаш по успехот на изборите, тој најави дека Словенија ќе започне со водењето нова и поинаква надворешна политика и ќе ја отвори Словенија кон Европа и светот и кон регионот каде земјата припаѓаше до пред 30 години.

Враќање на демократијата

Новата влада ја сочинува коалиција составена од неговото Движење Слобода, од словенечките Социјал – демократи и од партијата Левица – вистински левичарска партија, а не десница која лажно се преставува како „левица“ – како што е тоа случај во Македонија.

На внатрешен план владата најавува дека целосно ќе се посвети на реорганизација на јавното здравство за кое се вели дека е целосно запоставено, но и на надминување на последиците од сегашната криза со високите цени на енергијата и горивата и на храната.

Ваквиот состав на новата влада значи забрзано ослободување на Словенија која со Јанша како премиер беше заробена во десничарењето и национализмот и во пресметката со либералната демократија, иако уште во екс Југославија таа беше навестена, токму во словенечките идеи за реорганизација на претходната федерација кои тогаш не поминаа.

Бизнисмен и политичар

Иако на времето важеше за предвесник за демократските промени, Јанша ја претвори Словенија во држава во која демократијата беше целосно задушена, а државата заробена од неговата десничарска, националистичка партија на која тој е единствен лидер уште од нејзиното создавање – пред повеќе од 20 години. Словенија стана земја со ограничена слобода на медиумите и со партизирано судство, изолирана од современите европски текови.

Роберт Голоб е електроинженер кој покрај делувањето како бизнисмен, над 20 години е дел и од словенечката политика.

Роден е 1967 година, а студирал во Словенија и во САД. Низа години има „шетано“ меѓу бизнисот и политиката. Едно време е дел од партијата Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ, пред десет години, градоначалник на Љубљана. Подоцна се префрла во партијата Алијанса, на Аленка Братушек, која беше словенечка премиерка.

Лидер на партијата на Зелените стана во 2020 година и веднаш го промени нејзиното име во Движење Слобода со која уверливо го порази десничарот Јанша.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе