Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Таткото на Борис Џонсон стана Французин

Таткото на Борис Џонсон стана Французин

Таткото на актуелниот британски премиер Борис Џонсон, поранешниот европратеник Стенли Џонсон (81) доби француско државјанство, јавуваат медиумите во Франција. Веста за Британецот кој стана Французин ја потврди и Министерството за правда во Париз.

Таткото Џонсон соопшти дека ќе аплицира за француско државјанство и најави дека ќе се пресели да живее во британското соседство, во пролета 2020 година, само некој месец по стапувањето во сила на спогодбата на Лондон и Брисел за Брегзит, во знак на протест поради британското напуштање на ЕУ.

Таткото против синот

Стенли Џонсон, иако конзервативец како и синот, се спротивставуваше на политиката на Брегзит што ја предводеше синот, некогашниот еврофил Борис Џонсон кој од 2016 година стана тврд брегзитер, гласен евроскептик и во еден момент дури и непријателски расположен кон Европската Унија.

Во текот на кампањата за референдумот за ЕУ, Борис и неговото друштво во кое доминираа англиски националисти, беа обвинети за ширење лажни податоци за Унијата кои против ЕУ и Брисел ги користеа за да ги придобијат, главно, англиските евроскептични гласачи.

Изјавата на синот Џонсон дека концептот за ЕУ е како „нацистичкиот план за создавање на нова Европа“ предизвика гнев во Брисел и бурна реакција во целата Унија, поради што од него се дистанцираа и неговата сестра која соопшти дека ќе гласа против Брегзит, а подоцна тоа го направи и неговиот брат, кој во еден период, откако Борис стана и премиер, беше министер во неговата влада.

Нивниот татко Стенли има речено дека секогаш бил и останува еврофил.

Во изјава за француското радио РТЛ во 2020 година има речено дека секогаш ќе остане Европеец и дека ЕУ и Европа никој не може да му ги одземе, со никаква одлука, договор или референдум, практично, јавно спротивставувајќи се на политиката на неговиот син.

Еврофил контра брегзитер

Во еден мандат, Стенли Џонсон, меѓу 1979 и 1984 година бил пратеник на Европскиот Парламент, а по истекот на мандатот, останал да работи во разни органи на тогашната ЕЕЗ во Брисел. Со него бил и младиот Борис кој токму во белгискиот главен град има завршено средно образование.

Своето барање за добивање француско државјанство уште пред две години го има објаснето со желбата да ја задржи врската со ЕУ, во време кога „други имаат одлучено“ Британија да замине од Унијата и од Европа.

А, за тоа дека на тој начин ќе стане Французин, Стенли Џонсон и тогаш и сега тврди дека во неговиот случај тој нема да стане Французин, затоа што и онака е Французин.

„Мојата мајка (бабата на Борис Џонсон) е родена во Франција. Нејзината мајка, пак, била чиста Французинка, како што бил и нејзиниот дедо. Според тоа, она што го барам (француското државјанство) е нешто што веќе го имам“ – има изјавено Стенли Џонсон, таткото на британскиот премиер Борис Џонсон.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе