Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Почина композиторот Вангелис

Почина композиторот Вангелис

Еден од најголемите европски композитори на електронска музика Вангелис, познат грчки композитор уште од крајот на шеесеттите години на минатиот век, почина во 79 година од животот.

Атинскиот весник „Катимерини“ пишува дека легендарниот музички автор, починал во вторникот. Според весникот кој се повикува на соопштение на неговото семејство, Вангелис починал во болница во Франција, каде се наоѓал на лекување.

За него се вели дека ќе остане запаметен најмногу по својата филмска музика за низа филмски остварувања, почнувајќи од најпознатото негово дело – музиката за „Огнени кочии“, за што има добиено Оскар во 1981 година.

Продуцентот на филмот, лорд Патнам за Вангелис и за неговата музика тврди дека имаат создадено „нов музички пејсаж“.

Лондонските медиуми пишуваат дека ќе остане незаборавена неговата музика од филмот „Огнени кочии“ во сцената кога младите британски атлетичари се подготвуваат за Олимпијадата во Париз во 1924 година, трчајќи по плажата Сент Ендрјус, во Шкотска.

Освен за овој британски филм, Вангелис има компонирано музика и за „Исчезнување“, за „Блејд Ранер“ за која беше номиниран за наградите БАФТА и Златен Глобус,  за „Баунти“ и за филмот „1492 – Освојување на Рајот“, како и за „Александар“. Во текот на својата долга кариера тој има работена музика за десетици филмски остварувања и има издадено околу 60 албуми,

За музичките критичари тој е еден од најголемите современи композитори на електронска музика на сите времиња.

Роден е како Евангелос Одисеас Папатанасиу, на 25 март 1943 година, во местото Агрија, во крајбрежната област Магнезија во грчка Тесалија. Но уште како дете со родителите се преселил во Атина, каде ги минал детството и младоста.

Во светот на музиката, сепак, има влезено на крајот од шеесеттите години на 20 век, како поп музичар.

Како клавијатурист на (тогаш) популарната грчка поп група „Aphrodite’s Child“. Во неа како соло пејач настапуваше (сега починатиот) Демис Русос. Нивниот голем хит „Дожд и Солзи“ ја освои Европа, но групата се растури откако Вангелис и Русос музички се беа поставиле на сосема различни позиции.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе