Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Кинескиот патнички авион намерно соборен?

Кинескиот патнички авион намерно соборен?

Американските истражители кои учествуваат во истрагата за падот на кинескиот патнички авион, што се урна во март, тврдат дека леталото било намерно урнато – од некој кој бил во авионот – пишува весникот „Вол Стрит Џорнал“, повикувајќи се на извори кои се врзани за текот на истрагата.

На 21 март, авионот „Боинг 737 – 800“ на кинеската авионска компанија „Чајна Истерн“, се урна за време на редовниот лет од Кунминг за Гуангшу. При падот загинаа сите 132 патници и членови на екипажот, во инцидент за кој се уште нема прецизна и верификувана потврда – што е причината за соборувањето.

Она што засега се знае е дека авионот, после наглото понирање, што започнало од 9000 метри височина, на која дотогаш леталото се наоѓало, удрил во најблиската планина.

Екипите кои се најдоа на местото каде се урна авионот, ги имаат откриено „црните кутии“ со податоците за летот и за ситуацијата во пилотската кабина, кои според агенциски сознанија, биле испратени на анализа во САД. Во истрагата се имаат вклучено и експерти на компанијата „Боинг“ која го има произведено урнатиот авион.

Но, првите сознанија добиени од „црните кутии“ наведуваат на заклучок дека некој во кабината – пилотот, копилотот, или некој кој влегол во кабината, има внесено команди кои предизвикале леталото нагло да „збудали“ што довело и до неговиот пад.

„Авионот само го направил она што НЕКОЈ во неговиот кокпит му има наредено да прави – наеднаш да почне да понира кон земјата“, смета прелиминарната истрага.

Според американските истражители, ваквиот заклучок го подржуваат и работите на самите кинески власти во текот на нивната истрага за инцидентот. До сега нема никакво објаснување како и зошто се урна авионот на „Чајна Истерн“, ниту пак имаат споменато дека леталото имало проблеми во текот на летот, или дека проблеми или грешка е откриена кај земската контрола на летањето.

Американската агенција за безбедност во авионскиот сообраќај, меѓутоа, одбила да го коментира пишувањето на „Вол Стрит Џорнал“.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе