Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Мекдоналдс“ трајно заминува од Русија

p1spb/Depositphotos.com

„Мекдоналдс“ трајно заминува од Русија

Најголемата светска компанија за брза исхрана, американската „Мекдоналдс“ објави дека трајно се повлекува од Русија, после повеќе од 30 години делување на рускиот пазар. Компанијата веќе има започнато со продавање на своите ресторани на локалните бизнисмени.

Ваквото радикално решение е донесено откако после инвазијата врз Украина, во март „Мекдоналдс“ – како привремена мерка – ги има затворено сите 850 ресторани. Одлуката се објаснува со големата хуманитарна криза која се создаде во Украина и непредвидливоста околу тоа како натаму ќе се развиваат работите поради војната.

Првиот ресторан за „Биг Мек“ е отворен во Москва во 1990 година, во времето на СССР и тоа беше означено како симболично завршување на „Студената војна“ и времето на постојаните тензии меѓу Западот и тогашниот Исток.

Една година подоцна, Советскиот Сојуз самиот се саморасформира што предизвика, новата, Руска Федерација да го отвори пазарот за економиите од Западот и за западните инвестиции во дотогашната застарена, бирократизирана и непазарна советска економија,

Ситуацијата, меѓутоа, сега е сосема различна, а целата оваа операција е компликувана, па компанијата признава дека и не знае какви се последици ова време ќе може да донесе.

„Сепак, навистина, е невозможно да се правиме како ништо да не се случува, а ние да продолжиме да продаваме храна, како да не гледаме што се прави во соседството на Русија, во Украина” – велат во „Мекдоналдс“. Компанијата во своето службено соопштение вели дека се прават големи напори за обезбедување на сите 62 илјади вработени.

И западни, но и руски аналитичари констатираат дека трајното повлекување на „Мек“ од пазарот во Русија е крај на едно време и крај на една ера во односите на Западот со Истокот – овој пат само со Русија. Сите се согласуваат дека бургерите, со компирчиња и со пијалак, беа симболот на руското отворање кон светот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе