Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Квантас: Директен лет Сиднеј-Лондон за 19 часа

Qantas

Квантас: Директен лет Сиднеј-Лондон за 19 часа

Австралиската авионска компанија Квантас соопшти дека до крајот на 2025 година ќе ја покрене својата директна линија од Сиднеј до Лондон. Станува збор за најдолгиот, непрекинат комерцијален лет што треба да трае 19 часа.

Планирањето на овој амбициозен потфат трае пет години и во рамките на планирањето е и нарачката на 12 авиони „Ербас – А 350/1000“ опремени и уредени за вакви долги летови, до оддалечени дестинации. Засега се предвидува летовите да се одвиваат од и до Сиднеј, најголемиот град во Австралија, но се најавува дека во втората фаза од овој план на Квантас, ќе биде опфатен и Мелбурн.

Според директорот на компанијата Квантас, авионите „Ербас“ ќе овозможат, практично, секој голем и оддалечен град во светот да може да се поврзе со Австралија – со еден директен лет – без префрлање. Како што е тоа сега случај при патувањето до овој континент.

Целиот овој проект, оваа авионска компанија, една од најугледните и најголемите во светот, почна да го тестира во 2019 година, пред избувнувањето на глобалната корона – пандемија. Тогаш беше изведен и првиот лет од британскиот главен град, до Сиднеј, оддалечени меѓу себе околу 18 илјади километри. Летот тогаш траеше 19 часа и 19 минути. Таа година беше испробана и врската на Њујорк до Сиднеј, во должина од 16,2 илјади километри, што авионот го помина за 19 часови непрекинато летање.

Вакви летови, засега, користи само компанијата Сингапур Ерлајнс, која лета од овој град до Њујорк, за околу 19 часови. Двата града се оддалечени меѓу себе 14,5 илјади километри.

Квантас, пак, лета меѓу австралискиот град Перт, на крајниот запад од оваа држава – континент и Лондон, во Велика Британија. Оддалеченоста од 14,5 илјади километри авионите ја минуваат за 17 часови.

Во соопштението компанијата вели дека сега се работи на посебното внатрешно дизајнирање на авионските кабини, неопходно за вакви, долги летови.

Специјално уредените „Ербасови“ ќе примаат 238 патници. Во нивната прва класа, меѓу другото, ќе има одделни кревети за патниците и посебни гардероби. Сите патници во авионите ќе имаат на располагање „зони за пешачење“ и за физички активности – за време на долгиот лет.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе