Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

САД: Затвореник побегнал со чуварката во затворот

C5Media/Depositphotos.com

САД: Затвореник побегнал со чуварката во затворот

Американската полиција покрена широка потрага и понуди десет илјади долари награда, за откривање на затвореникот Кејси Вајт кој во текот на изминатиот викенд побегнал од затворот во сојузната држава Алабама. Заедно со него, од затворот како исчезната, се води и чуварката Вики Вајт, која носи исто презиме, но не е во никакво сродство со бегалецот.

Полицијата и управата на затворот соопштија дека последен пат тие се видени во канцеларијата на локалниот шериф. Затворската чуварка дошла таму со Кејси, објаснувајќи дека го води на закажан лекарски преглед. Подоцна, меѓутоа, властите откриле дека затвореникот немал закажано преглед кај лекар.

Сега се испитува дали чуварката Вики Вајт избегала со затвореникот кого требало да го чува да не побегне, или пак е грабната и сега служи како заложник на бегалецот. Но, медиумите пишуваат дека (засега) против неа нема подигнато никакво обвинување, ниту се третира како соучесник во бегството.

Во дел од јавноста, сепак, останува сомнежот дека таа побегнала со Кејси, што би било големо изненадување со оглед на нејзиното досегашно беспрекорно минато во кариерата. Таа има 25 годишен стаж во затворот во Алабама и кариера во која постојано има напредувано. Во моментот на исчезнувањето таа ја имала функцијата помошник управник на затворот.

Оние кои се сомневаат во неа тврдат дека одлуката – сама да го одведе затвореникот на лекарски преглед – без друга придружба – веќе претставува сериозно прекршување на затворските и не безбедносните правила. Другите чувари, пак, не веруваат дека таа е соучесник во бегството, туку дека била присилена да ги прекрши правилата.

Кејси Вајт (28) во 2020 година има признаено убиство, за кое е и осуден. Во затворот тој издржувал казна и за други кривични дела, направени во текот на 2015 година – за провални кражби, за грабежи, како и за крадење автомобили.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе