Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Прв пат осомничен за „случајот Мекан“

Прв пат осомничен за „случајот Мекан“

За прв пат, после бемалку 15 години од „случајот Мекан“ властите во Португалија обвинија некого за исчезнувањето на малечката Британка Медлин Мекан, додека со родителите се наоѓаше на одмор во португалскиот туристички центар Алгарве.

Медлин која тогаш требаше да наполни три години, исчезна на 3 мај 2007 година, од спалната соба на апартманот во одморалиштето Праја да Луж, додека спиеше, заедно со уште помалечките брат и сестра – близнаци.

Страв од застарување

Во тој момент нивните родители, инаку лекари од англискиот град Лестер, биле на вечера во еден тапас – ресторан, сместен до самиот апартмански комплекс, заедно о поголемо друштво Англичани.

Петнаесет години од тогаш, португалското обвинителство, конечно, посочија дека има официјално осомничен маж за исчезнувањето на девојчето.

Не е соопштено за што е осомничен човекот и зошто дури сега, но претпоставка е дека Португалците брзале со покренување обвинување пред да застари случајот. Според португлските закони после 15 години застаруваат сите случаи доколку станува збор за поединечни кривични дела.

Откритие во Германија

Во Португалија не е откриено за кого станува збор и кој е осомничениот, но во соопштението на властите се вели дека осомничениот од претходно го имаат идентификувано правосудните власти во Германија.

Уште во 2020 година Германците соопштија дека тие веруваат оти малечката Медлин Мекан е мртва и како виновен за нејзиното грабнување и за убиството го посочија Германецот Кристијан Брукнер кој е во германски затвор.

Станува збор за криминален тип и за осуденик за две кривични дела. На полицијата и бил познат како наркоман, насилник и шверцер на дрога, но и како насилник врз деца, педофил кој учествувал во грабнување деца за нивно продавање. Но, за тоа не беше обвинет.

Криминалецот Брукнер

Брукнер сега издржува две затворски казни – за насилство и шверц на дрога и луѓе, како и за силување на една 72 годишна жена. Силувањето го има извршено во регионот н Алгарве, истата година кога е исчезната малечката Британка.

Португалските власти не се прославија во овој случај кој стана познат низ Европа и светот, па во еден момент за него се ангажира и поглаварот на католичката црква, поранешниот папа Бенедикт.

Во настојувањето побрзо да го затворат случајот, незгоден за туристичкото стопанство на крајниот југ од Португалија, локалната полиција побрз да ги осомничи родителите на Медлин.

Осомничени беа и родителите!?

Според првата верзија на домашната полиција, родителите, како лекари им дале на децата препарат за успивање, но погрешиле, па малата Медлин не се разбудила. Кога виделе што направиле, го закопале телото на „непознато место“

Тело никогаш не се најде и покрај силната потрага, а ваквата теорија на локалната полиција предизвика политички судир меѓу Лондон и Лисабон.

Сомничењето на родителите беше тргнато, иако тоа не беше официјално како што е сега со германскиот криминалец, а главниот детектив на полицијата во Алгарве беше исклучен од работа.

(Л.П.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе