Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шерон Стоун ја „натепала“ партнерката

s_bukley/Depositphotos.com

Шерон Стоун ја „натепала“ партнерката

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун ја натепала својата помлада колешка и партнерка Кајли Куоко во текот на работата на проектот во кој обете учествувале, удирајќи и повеќепати силни шлаканици, од кои натепаната актерка морала да се опоравува ставајќи мраз на лицето.

Случајот се појави во јавноста, откако за тоа има зборувано Куоко, учествувајќи во една програма на американската телевизија.

Станува збор за снимањето на ТВ серијата „Стјуардеса“ и за сцена во која, навистина, е предвидено Стоун, која ја игра улогата на мајка на младата актерка, во еден момент, да и удри шлаканица. Но, секако, да го одглуми сето тоа, како што, обично, се прават ваквите сцени во филмовите и во сцени од телевизиски серии.

„Пред да почне снимањето, Шерон седна до мене и ми рече – Еј, што мислиш да те „изудирам“ во таа сцена” – има речено Куоко, додавајќи дека на тоа возвратила – ”Направи што сакаш. Ти се Шерон Стоун.“

Младата актерка, потоа, објаснила дека кога дошла на ред таа сцена, Шерон ја удрила со силна, вистинска, шлаканица – внесувајќи во тоа многу енергија.

„Навистина ми удираше шлаканици. Почнав да се тресам, а од ударите ми потекоа солзи“ – рекла Куоко во разговорот.

Таа сега открива дека режисерот веднаш наредил да се запре снимањето и во студиото настанала „мртва тишина“. Никој не знаел што се случува и дали можеби двете актерки се имаат скарано за нешто за толку грубата реакција, во среде сцената, од главната ѕвезда на серијата Шерон, или пак, сето тоа било претходно договорено меѓу нив две.

Шерон Стоун, подоцна, се извинила за шлаканиците, објаснувајќи и на Куоко дека „таквите шлаканици биле сосема прикладни за сцената“. Младата актерка, меѓутоа, барала сцената да се повтори без нејзината видливо исплашена реакција при првото снимање.

Режисерот го прифатил барањето, но таа одново добила уште две силни шлаканици!

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе